Верните германски навивачи направија инвазија во Франција на вчерашниот меч од Лигата на Европа против Бордо, но за 3.000 од нив немаше место на трибините. Тоа за нив не претставуваше проблем, па го наполнија плоштадот во центарот на градот од каде го следеа мечот на видео бим.
Присутните 12.000 на стадионот во Бордо направија пиротехничко шоу, а нивниот омилен тим им возврати со триумф од 1:0, прва позиција во групата и пласман во следната фаза.