Повеќето од нас се задоволни со слушање музика. Но германскиот фотограф Мартин Климас сака и да ја визуелизира. Чистењето по секоја фото сесија му е бонус.
Дилемата е околу тоа што тажната музика може да предизвика силни емоции, но и покрај тоа типот на тага предизвикан од музиката во исто време е и пријатен на некој начин.
Во рубрикава понекогаш сме обвинувани за „жанровска несташност", дека наводно се занимаваме со теми кои не се од областа на културата. Ама еве пресудете сами: оваа е за еден биофизичар, еден композитор и за растителни протеини кои произведуваат мелодии. Нели звучи културно?
Ѕвончиња, жичани инструменти, длабоки и високи тонови, придружени со психоделични шарени кругчиња. И сето тоа генерирано од корисниците на најголемата интернет енциклопедија.
Во склоп на нашите традиционални напори за приближување на грчката култура во пакет со летните туристичките аранжмани и шопинг турите кај нашиот јужен сосед, еден стрип посветен на ребетико, која не е само музика, туку начин на живот.
Хаи-Тинг Чин (Hai-Ting Chinn) , мецосопран од Њујорк, е позната по проекти кои истовремено ја промовираат класичната музика и науката. Еден од нив е пеење цитати од познати научници.
На погребите на кои сум била само еднаш имало музика, и тоа онаква траурна, како да не било доволно мачно што и поводот за неа бил таков. Во други култури музиката која е дел од последното испраќање го слави животот и потсеќава на починатиот. На Задушница ве прашуваме - со која музика би сакале да заминете, ако веќе се мора?
Цикадите се вид инсекти на кои им требаат 17 години да минат од ларва до бубачка. Во САД оваа година се подготвија за наезда на овие прилично иритирачки суштества, кои се множат во милијарди. Но композиторот Дејвид Ротенберг решил нивната инвазија да ја искористи за - музика.
Барајќи начин како сами себе да си го осветлиме утрово, наидовме на филмчево, кое нема шанси да не ви предизвика блага насмевка. Заради едно пијано кое се вика св. Франкештајн, и еден симпатичен тип, кој го вози. Да, го вози.
Иако секој Пулицер би требало да има подеднаква тежина, некои од категориите медиумски се неправедно фаворизирани во однос на други. Така, речиси незабележано помина овогодинешниот за музика. Ајде да ја исправиме работата.
Дали виршлите можат да произведат музика? Каков звук испуштаат крофни со еурокрем? А модрите патлиџани? Сè што ви треба за да го пробате ова е едно едноставно електрично (не-Жикино) коло.
Трубадурите, Гвидо де Арецо, ренесансниот Палестрина, кастратите, Пурсел, Скарлати, Телеман, страшниот Бетовен, романтичари и пост-романтичари, регтајм, џез, Чак Бери, метал, Њу Ордер, Продиџи...И сето тоа во помалку од седум минути.
Ги занимало дали човек може да научи да ја сака музиката која не ја поднесува. И испаднало дека може, само што треба да е упорен. Сори Глориа Естефан, нашата волја е тенка.
Спортската редакција на британскиот весник „Телеграф“ напрaви топ 10 листа на фудбалери од Премиер лигата кои имале неуспешен обид во музиката. Меѓу нив може да ги видите славните Пол Гаскоњ, Рој Кин, Рајан Гигс, Дејвид Бекам...
На моменти тешкиот филм на Ханеке го разбива убавата музика изведена од Александар Таро, кој во него се појавува во споредна улога на она што навистина и е - пијанист.
Да си имењак со славна личност е проклетство („Ако си ти Мајкл Џексон, ја сум Мадона“), но како што ќе видите од следниот текст, тоа знае да биде и благослов. На поетот и новинар Рави Шанкар често му е преку глава кога му имитираат звук на ситар. Ама па во ликот и делото на „вистинскиот“ Рави наоѓа и голема инспирација.
Во пресрет на акцијата за правење елка од пластични шишиња во Градскиот парк, погледнете го трејлерот за Landfill Harmonic, трогателен филм за еден специјален оркестар од Јужна Америка, целосно составен од инструменти направени од - ѓубре.
Џармуш, освен што режира и пишува сценарија, се занимава и со музика. Слушнете го неговиот нов албум со холандскиот минималист Џозеф ван Визем, „Мистеријата на рајот".
Филмот е истовремено и „feel-good" и „feel-bad" - комбинација карактеристична за скандинавските филмови. Критика на културата која се обидува да вкалапи, контролира, да наметне чувство на вина и грев дури и тогаш кога го нема, ова е ода на човековата страст по животот, и обидот тој достоинствено да се живее. Убав, убав филм.
Драган Чалина, млад српски џез пијанист, преслушувајќи ги говорите на локалните политичари, почнал да си ги „преведува" во музика. После ова секој говор на Бранко ќе ви звучи ко концерт на Телониус Монк.
Kомпозиторката Аби Арсти во тек на една година ги снимала природните звуци на паркот Арборетум во Сиетл. Резултатот: музички парчиња полни птичји црцорења, чекори по камчиња и жубор на потоци.
Најдобрата работа кај музиката е што постојано има нешто кое ќе се обиде да те освои. Најлошата работа кај музиката е што за да останеш во тек, постојано треба да бараш нешто ново за да те освои. Без да составуваме наши плејлисти, наидовме на изборот од 40 најдобри нови бендови на 2012-та. Дечките имале трпение да бараат нешто ново.
Што се случува кога податоците кои укажаа на постоењето на бозонот ќе бидат претворени во ноти? Ова личи на хабанерата од „Кармен“, или на некоја весела етида за пијано.
Во клипче од три минути снимено во еден кадар, преку „Прекрасен свет" на Луј Армстронг, ги следиме повеќето фази низ кои има поминато музиката, од грегоријанското пеење (10 век), до дабстепот (21 век). Како тргнало, песнава за некоја година нема веќе да се препознава.