
Откритието на Хигсовиот бозон беше потврдено кога група истражувачи открија „грпка", која соодветствува на честичка со енергија од 126 GeV (гигаелеткрон волт). Или, откритието е резултат на аномалија во податоците. Сега таа е „преведена" во музика.
Доменико Вичинанза, инженер и музичар, го раководел проектот за сонификација на Хигс - на секој податок од проектот Атлас (еден од седумте експерименти за откривање на елементарни честички кој се одвива во Големиот хадронски колајдер) му е доделена нота, а интервалите помеѓу вредностите се претворени во интервали помеѓу нотите во мелодијата. Како што вредностите се зголемуваат или намалуваат, висината на нотите расте и се намалува, а резултатот е една фина песничка која звучи како нешто кубанско, или како детска песничка.
„Грпката" е забележлива кај 'фа'-то кое некаде при средината скока за две октави, по што следи едно 'до' кое го прикажува врвот на Хигс. Занимација, што би рекле некои физичари.