Таг: манчестер јунајтед

Дејвид Мојс е фудбалски гениј

Кај нема поддршка од своите навивачи, па почнаа да го тролаат и гостинските кои се молат што подолго да остане на клупата на „Олд Трафорд".

Манчестер Јунајтед против Манчестер Јунајтед

„Манчестер Јунајтед го победи Манчестер Јунајтед со 5:0 во Лига Европа." Постојат шанси ваков наслов да напишеме летово.

Клади се на отказот на Мојс

По последниот неуспех на Манчестер Јунајтед со поразот на гостувањето кај Олимпијакос во Лигата на шампиони, коефициентот на отказот на Дејвид Мојс почна драстично да паѓа.

Олимпијакос го прекина постот на домаќините

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед добија шлаканица на гостувањето во Грција и со негатива од 2:0 ќе го пречекаат противникот на реваншот. На дуелот во Санкт Петерсбург минатогодишниот финалист Борусија Дортмунд беше немилосрден против Зенит.

Гигс и двете генерации на семејството Инс

Легендата на Манчестер Јунајтед кој почна да игра фудбал во минатиот милениум никако да се донаигра. Тој има повеќе стаж и од Премиер лигата која го носи овој назив од 1992 година. За време на неговата долга кариера во некои фамилии фудбалот почна да оди на колено на колено.

Јунајтед и Борусија во обид да ја продолжат гостинската доминација

Осминафиналните битки во Лигата на шампионите продолжуваат со вечерашните два дуела на кои Германците раните од шокантниот пораз во првенството ќе ги лечат во Русија, додека „Црвените ѓаволи“ ќе се обидат да ја одржат доминацијата против екипите од Грција.

Рекордни уплати на Манчестер Јунајтед

Победата на Манчестер Јунајтед на гостувањето кај Кристал Палас ги израдува навивачите на актуелниот шампион, но и типстерите кои викендов вложија рекорден број кредити на нивниот триумф.

Мојс ги избрка посетителите од Олд Трафорд

Заминувањето на Алекс Фергусон и пристигнувањето на неговиот наследник Дејвид Мојс, не само што имаше големо влијание на резултатите на Манчестер Јунајтед, туку и на интересот на луѓето да го видат стадионот Олд Трафорд.

Мојс му го најде чарето на Јунајтед

По оваа изјава на шкотскиот стратег ќе мора сериозно да размислиме за воведување на нова рубрика која би се викала „Офсајд изјава“.

56 години од трагедијата на Манчестер Јунајтед

6 февруари 1958 е најцрниот ден во историјата на Манчестер Јунајтед. На овој ден пред 56 години во авионска несреќа загинаа осум фудбалери на една од најдобрите генерации на клубот.

Руни и Ван Перси како да играат прв пат заедно

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед никако да излезат од криза, а викендов се посрамотија на гостување против Стоук каде го забележаа и осмиот првенствен пораз. Во статистиката од мечот се крие еден ужасен податок за двајцата напаѓачи кои се клучна фигурна во тимот.

Црвените ѓаволи владеат во Премиер лигата

Синоќешната победа на Манчестер против Кардиф не беше само најава за одличниот кам бек на Ван Перси, туку и достигнување на еден висок дострел.

Ван Перси е клучот на Манчестер Јунајтед

Актуелниот шампион на Англија е на маки цела сезона, а разочараноста на навивачите стана поголема кога паралелно со слабиот пласман во Премиер лигата, тимот овој месец се соочи со елиминација во двата англиски купови. Проблемот не може да се бара само во Мојс.

Дејвид Мојс во скаутска мисија

На стратегот на Јунајтед сигурно не му е лесно. Годината само што почна, а тој веќе се соочи со елиминациja во ФА купот и пораз на првиот полуфинален меч во Лига купот. Чаре сепак мора да се бара, а тој се реши за европска турнеја во која бара квалитетни фудбалери кои ќе треба да му помогнат да излезе од калта.

Учинокот на Дејвид Мојс

Приказната за ангажирањето на новиот тренер на Манчестер Јунајтед Мојс сам си ја раскажа, а таа се случило кога Фергусон го викнал на гости и го пречекал со зборовите „јас си заминувам, а ти ќе ме замениш". За сега излегува дека стариот лисец одбрал погрешен гостин.

Двајца против два школски класови

Откако Дејвид Мојс седна на тренерската клупа на „Олд Трафорд" Јапонецот Шинџи Кагава го загуби првотимскиот статус. Но тој ја надополни загубената минутажа и заедно со свој сонародник надмудруваа 55 деца кои не се одбранија ниту со пет голмани,

Пукна стативата?

Сигурно прочитавте или можеби го гледавте пресвртот на Манчестер Јунајтед на гостувањето против Хал, но голот на Вејн Руни не е потегот на мечот. Има нешто друго.

Младите надежи на Манчестер Јунајтед

На Дејвид Мојс не му оди баш најдобро во неговата прва сезона на „Олд Трафорд“, но затоа во младинскиот погон има деца кои претставуваат иднина на актуелниот англиски шампион.

Не е лесно да се седи на „Олд Трафорд“

Со поразот од Њукасл од 0:1 Манчестер Јунајтед продолжува со лошите резултати во првата сезона без незаменливиот Фергусон, а оваа криза на актуелниот шампион во Премиер лигата е тешко прифатлива за сите нивни навивачи.

Фергусон заплашувал фудбалери со сабја

Сер Алекс Фергусон е познат по својот темперамент и не многу пријатниот третман кон фудбалерите кои не ги исполнувале неговите очекувања, а еден негов поранешен ученик откри уште еден начин на кој тој им држел лекции на играчите.

Денот кога зовре ривалството меѓу Јунајтед и Арсенал

Викендов старите ривали повторно ќе излезат на мегдан на Олд Трафорд, местото каде пред 10 години кулминираше омразата помеѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал.

Чичарито промаши зицер, а Ван Перси пенал

„Црвените ѓаволи“ можеа уште вечерва да си заверат билет за осминафинале во Лигата на шампионите, а највиновни за тоа се Чичарито кој се посрамоти пред голот на Реал Сосиедад, а потоа Ван Перси утна пенал.

Сер Алекс си доби улица

Една улица во градот Манчестер од вчера го носи името на легендарниот шкотски тренер.

Наследникот на Гигс е спасителот на Дејвид Мојс

По двата гола против Сандерленд со кои направи пресврт и му донесе триумф на Манчестер Јунајтед, Аднан Јанузај е најспомнуваното талентирано име во фудбалот. За него почнаа да се борат големите европски екипи, но јунакот од „Олд Трафорд" се очекува да биде иднината на „Црвените Ѓаволи" во новата ера со Мојс.