Рајан Гигс минатата година ја заокружи 40-та. Тој е веќе 24 години професионален фудбалер и член на Манчестер Јунајтед. Од „Олд Трафорд“ како тренер си замина Сер Алекс Фергусон, но Гигс не се дава.
На почетокот на 90-те Гигс за Јунајтед настапуваше заедно со славниот англиски репрезентативец Пол Инс, а во 1994 година се радуваа заедно на двојната круна во Премиер лигата. Копачките на 46 годишниот Инс се веќе шест години закачени на клинец, но ги облече неговиот син Пол Инс.
Тој изминатиов викенд имаше чест да заигра против Велшанецот кој пред 20 години настапувал со неговиот татко, а тоа се случи на средбата помеѓу Кристал Палас и Манчестер Јунајтед. Интересно е што кога Гигс ја почнал кариерата Том Инс не бил ниту роден.
„Татко ми и Гигс се одлични пријатели. По целата заедничка историја која ја имаа, да се игра против него е едно извонредно доживување. Тој е речи двојно постар од мене, навистина убав момент. Мојот татко ми реле да одам и да уживам во мечот, но никако да не заборавам дека на теренот ќе се појави Манчестер Јунајтед“, вели со воодушевување 23 годишниот Инс.
По натпреварот тие се размениле и смс пораки, а советот на Гигс до Инс бил постојано да работи напорно, како што го прави тоа тој и на 40 години.