Мојс заедно со својот асистент Фил Невил, како и главниот скаут на тимот, за четири дена посетија шест натпревари во четири земји, но нивната потрага по засилувања продолжува и вечерва за кога е предвидено да проследат во живо уште два меча.
Дејвид Мојс ќе оди на „Сан Паоло" за да го следи натпреварот од италијанскиот куп помеѓу Наполи и Аталанта, а неговиот скаут го прати во Португалија на мечот помеѓу Порто и Пенафиел во рамките на купот.
Гетафе – Рајо Ваљакано (Премиера)
Скаутирани играчи: Сол Нигуез (среден ред)
Атлетико Мадрид – Валенсија (Копа дел Реј)
Скаутирани играчи: Диего Коста (напаѓач), Луис Филипе (одбрана)
Присутен: Фил Невил
Каљари – Јувентус (Серија А)
Скаутирани играчи: Артуро Видал и Пол Погба (среден ред)
Бордо – ПСЖ (Француски куп)
Скаутирани играчи: Хавиер Масторе (напад), Адриен Рабиот и Блаис Матуиди (среден ред)
Присутен: Дејвид Мојс
Есторил – Спортинг (португалски куп)
Скаутирани играчи: Карлос Мане и Вилијам Карваљо (среден ред)
Бенфика – Порто (португалско првенство)
Скаутирани играчи: Мангала (одбрана)
Присутен: скаутот на Манчестер Јунајтед