На последното рангирање според ФИФА, репрезентацијата на Македонија се искачи на 84-та позиција, а 31 место пред нас е Црна Гора, репрезентацијата која е доказ дека големината, историјата и парите не се многу важни за добри фудбалски резултати.
Фудбалската федерација на Македонија за нов селектор на националниот тим го назначи поранешниот репрезентативец Бошко Ѓуровски кој го носеше дресот во деведесетите години.
Иако има 77 години и веќе подолго време е во пензија, Андон Дончевски на денешниот ревијален меч не седеше мирен на клупата, туку постојано им наоѓаше забелешки на фудбалерите, им делеше совети и размислуваше само на победа.
Со ревијален натпревар помеѓу првиот национален фудбалски состав предводен од селекторот Андон Дончевски и микс од познати пензионирани репрезентативци кои денеска ги водеше Васил Рингов, ФФМ ја одбележа 20 годишнината од првиот официјален меч на Македонија.
Директорот на фудбалска федерација на Македонија, Петар Милошевски е изненаден од интервјуто на капитенот дадено за „Македонски спорт", ги отфрли неговите обвинувања дека националниот тим се претвовил во менаџерска репрезентација и најави деќа ќе сторат сè за да го вратат во тимот.
Откако македонската фудбалска репрезентација го оствари историскиот неуспех со пласманот на последната позиција во квалификациската група, следи и пад од 11 позиции на ФИФА ранг листата.
По дебаклот со Србија и најлошиот пласман во историјата на фудбалската репрезентација, со свои реакции се јавија неколку фудбалери, а капитенот Горан Пандев дури најави и повлекување од националниот тим.
Репрезентацијата повеќе ни личи на материјал за расад на ЈП „Паркови и Зеленило" отколку на тим со фудбалски талент. Нити талент имаме, тим уште помалку, па да дојде и специјалниот Жозе Мурињо химселф ништо нема да направи.
Високиот триумф на првиот официјален натпревар на македонската фудбалска репрезентација во Крањ, Словенија од 4:1 требаше да биде знак за еден успешен почеток кој по неколку години ќе кулминира во голем успех. Но тоа било само лажна надеж дека не бива за фудбал.
Од организаторите на Светското првенство кое следната година ќе се одржи во Бразил добивме информација дека креаторите на логото добиле инспирација од настапите на македонската фудбалска репрезентација. Еве како:
Ако во дебаклот со Србија може воопшто да има некаква светла точка, тоа дефинитивно е почесниот погодок на Адис Јаховиќ кој мајсторски ја помина цела противничка одбрана и го совлада голманот Стојковиќ во стил на врвен голгетер.
Македонската фудбалска репрезентација доживеа дебакл на последниот квалификациски натпревар од Србија. Со поразот од 5:1, националниот тим го задржа мизерното последното место во групата и го оствари најлошиот пласман во историја на квалификациските циклуси.
По кој знае кој пат, српската национална телевизија и на преносот од последниот квалификациски дуел, нашата фудбалска репрезентација ја напиша како FYROM.
Младинските академии и откривањето на талентите се иднината за секоја фудбалска земја која сака со репрезентацијата да оствари резултати и да има успеси на долги патеки. Но кај нас очигледно тоа го нема. Споредбата ќе ја направиме само со нашиот северен сосед против кој утревечер завршуваме уште едни неславни квалификации.
Денешниот датум во историјата на македонскиот фудбал е запишан со златни, но и со црни букви. На овој ден пред 20 години репрезентацијата го одигра првиот натпревар од независноста, а на истиот датум во 2004-та година ја прославивме Андора со нивната прва победа во историјата.
Фудбалската репрезентација на Македонија загуби на гостувањето во Кардиф против десеткуваниот Велс и падна на последната позиција во групата А од квалификациите за Светското првенство.
Зоран Стратев, В.Д. селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, го објави списокот на репрезентативци на кои ќе смета за квалификациските натпреавари со Велс и Србија.
Актуелниот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија уште пред завршувањето на неговиот договор со ФФМ е назначен за нов тренер на белгискиот прволигаш Монс.
Со двете победи по ред против Бугарија и Велс, македонската фудбалска репрезентација успеа да се избори за голем скок на најновата ранг листа на ФИФА. Во моментов се наоѓаме на 75 позиција.
Фудбалерите на Македонија и Шкотска беа подготвени за почетокот на второто полувреме, судијата даде знак и нашите тргнаа, без никој да примети дека некој фали. Нашите малку се преценија и сакаа да им попуштат на Шкотите па во второ полувреме да им играме без голманот Томе Пачовски.
Македонската фудбалска репрезентација со пораз од 2:1 ги завршува домашните квалификациски настапи за Светското првенство во Бразил. Играчот од средниот ред на Виган, Малони со мајсторски гол од слободен удар во 89 минута им ја донесе радоста на Шкотланѓаните.
Македонската фудбалска репрезентација доколку оствари втора победа во низа има реални шанси за борба за третото место. По триумфот над селекцијата на Велс која ја совладавме со 2:1, вечерва на „Филип Втори" по четврти пад се среќаваме со оваа островска земја.