Таг: лига на шампиони

Еден од најубавите голови во кариерата на Арјен Робен

Пред 10 години, на 9 март, холандскиот велемајстор постигна фантастичен погодок за Баерн Минхен против Фиорентина на гости во Лига на шампиони. Мечот заврши 3:2 за Италијанците, ама Баерн отиде понатаму поради повеќе голови на гости.

Клоп, да не е до писмото?

Најдобриот светски тренер на денешницата кукаше за зимска пауза во Премиер лигата, направи револуција, ама кога се вратија од одмор не може човек да ги препознае - 3 порази без даден гол. Што е работава?

Децата на Лион кои го оладија Јувентус

Бјанконерите го одиграа првиот меч годинава на кој Кристијано Роналдо не постигна гол. Против себе имаа млада екипа, предводена од Руди Гарсија, човекот кој пред неколку сезони ја водеше Рома.

На Баерн му е комфорно во Лондон, на последните 3 меча дадоа 15 гола

Клубовите од главниот град на Англија во иднина ќе се молат на ждрепка да бидат што подалеку од германскиот гигант, зошто кога и да им дојде на гости им прави рушвајс.

Само Наполитанците вака ја грмат химната на ЛШ

Кога Наполи игра во Лига на шампиони, фанатичната наполитанска публика традиционално на секој меч го вади овој магичен звук на крајот од незаменливата хумна на ЛШ: Знаеме дека ви е познато, ама не се пропушта. 

Необична тактика на Папу Гомез - се отвора каде што оди судијата

Фудбалска вест на неделата е триумфот на Аталанта над Валенсија од 4:1. Еден од хероите на мечот беше Аргентинецот Алехандро Папу Гомез, лидер на тимот и најдобар асистент.

Убав домаќински гест на Тотенхем

Тимот на РБ Лајпциг, еден од најмладите во Лига на шампиони, во своето прво историско учество во Лига на шампиони стигна до нокаут фазата каде го чекаше европскиот вицешампион. Германците не само што 90 минути му држеа лекција по фудбал на тимот на Мурињо, туку и со победа се вратија дома и мирни го чекаат реваншот.

Како татко правда син во школо кога има ЛШ

Фудбалерите на Аталанта синоќа испишаа историја на деби настапот во нокаут фазата од Лига на шампиони, а тоа го сторија на спектакуларен начин со голема победа од 4:1 против Валенсија. Само ако сте му ставиле неоправдани на детево.

Аталанта Бергамо пишува историја, на прагот се од 1/4 финале

Во своето прво историско учество во Лига на шампиони, Бергамашите направија подвиг и се пласираа во нокаут фаза. А таму вечерва за 60 минути до врв ја наполнија мрежата на Валенсија и со една нога се во четвртфиналето. РБ Лајпциг направи огромен чекор за 1/8 финале.

Норвешкото чудо го потопи ПСЖ, Симеоне и Атлетико го скротија Ливерпул

Во Дортмунд на мечот Борусија - ПСЖ мрежите мируваа до 69' минута па следуваше канонада за 7 минути. Халанд е гол машина, не знае за доста. Саул му донесе 1-0 на Чоло пред „Енфилд“.

Спремни за полетување, се враќа Лига на шампиони

После 69 дена, на сцена се враќа елитното клупско натпреварување. На програмата вечерва се 2 меча, кој од кој појак за гледање, коментирање, анализирање. Клоп оди кај Чоло Симеоне кој рече дека Германецот е број 1 тренер на светот и многу го почитува. Во Дортмунд судар на машините за голови.

Првата конференција на Клоп во Ливерпул во 2015: „За 4 години ќе имаме титула“

Ај што во моментов важи за најдобриот тренер на светот кој создаде пеколна екипа која гази сè, туку од денешна перспектива се гледа дека Јирген Клоп е и визионер кој знаел да предвиди како ќе одат работите.

Нов дебакл на Вардар во ЛШ

Ракометарите на Вардар катастрофално ја стартуваа новата календарска година во Лига на шампиони. Убедлив пораз од Кил на гости и тоа втор пат сезонава со идентична разлика од 11 гола.

Уште е голобрад, а полека станува лидер на Манчестер Јунајтед

Колку што тифозите на Интер го засакаа Лукаку, толку навивачите на Манчестер Јунајтед заборавија на Белгиецот, а во тоа им помага едно младо момче кое скоро дебитираше за прв тим, а остава впечаток како таму да е 5 сезони.

За химната на ЛШ царов се претвори во оркестар

За да не се збуните, уште на старт да расчистиме. Типов заменува петмина музичари и со помош на монтажа го има во видеово со пет различни дресови. Свири на четири виолини и една виола. Филхармонија на отворено.

Освои Лига на шампиони со Интер, па стана кандидат на избори во град во Кенија

Некои фудбалери по крајот на богатите кариери се решаваат за нови животни поглавја. Некој води ресторан, некој станува тренер, некој менаџер, а има и такви што влегуваат во политички води. И тоа во политика во многу заебани места за такво нешто.

Реал оди на Сити, а Јувентус доби противник од Франција

Очекувано, во седиштето на УЕФА во Нион се извлекоа интересни парови кои би требало да донесат ултра добри натпревари на почетокот на следната година.

Јуве не му ја мисли, најден е наследникот на Киелини

Роден е на 5 март 1998 година во турското градче Карамурсел. Има 21, а веќе игра како да има безброј сезони во кариерата. Антиципација одлична, снажен во воздушни дуели, уште појак на земја, долг чекор, сигурен на топка и уште подобри долги топки. Има и од кого да учи, а Јуве е среќен што го најде наследникот на Џорџоне.

Клуб Бриж оди во Лига Европа иако во Лига на шампиони нема победа 400 дена

Со учинок од 3 нерешени, 3 порази и 12 примени гола, во конкуренција на ПСЖ, Реал Мадрид и Галатасарај, белгискиот шампион заврши трет и ќе продолжи на пролет во Лига Европа.

Навивач го зграби Роналдо за врат, овој збесна

Со головите на Кристијано Роналдо и Гонзало Игуаин, Јувентус го совлада Баер во Леверкузен и сега ја чека ждрепката за противникот во осминафиналето. А на крајот од мечот, еден натрапник сакаше да направи селфи со Португалецот, кој обично е пристоен со тие што упаѓаат, ама овојпат со право не беше.

А голманчето на Бриж што му даде гол на Реал во 95’ минута?

Сене Ламенс е херој на колото во младинската Лига на шампиони. Неговиот клуб губеше 1-2 од Реал Мадрид У19, за Ламенс во 90+5’ минута да даде прекрасен гол со глава и да обезбеди бод. Младинците на Клуб Бриж имаат 10 бода и како втори во групата одат понатаму.

Сите фаворити згазија вечерва, за Атлетико тоа значи нокаут фаза

Шест натпревари - 18 голови на вечерашните средби од 21 часот во ЛШ. Атлетико Мадрид оствари очекувана победа за осминафинале, Баерн го доби дербито на вечерта против Мурињо, а Црвена Звезда остана без ЛЕ во 88-ма минута, откако претходно утна пенал.

Елиминација за Адеми, историско осминафинале за Аталанта

Со атрактивниот волеј на Даниел Олмо, Динамо по само 10 минути имаше надежен резултат за сензација против Сити, но потоа доживеа дебакл поради расположениот Габриел Жезуз кој оствари хет-трик. Во топ 16 патува и Аталанта и тоа во својата деби сезона во ЛШ.

Клоп му се извини на преведувачот

Иако беше апсолутно во право за замерката (многу преведувачи не познаваат фудбалска/спортска терминологија па буквално преведуваат на прес-конференциите), Јирген Клоп како прав џентлмен му се извини на преведувачот за тоа што јавно пред сите отворено го критикуваше пред мечот Салцбург - Ливерпул кој заврши 0:2.