Таг: лига на шампиони

Магарето Марсело и тепачка на играчите на Лион со свои навивачи

Во групата Г синоќа беше многу лудо. Дури три екипи имаа шанси за пласман понатаму и секој еден гол ја менуваше состојбата во групата. На крај најзадоволен Лион чии навивачи направија инцидент со своите играчи.

Наставничке утре не доаѓам на часови, треба да бранам со Наполи

Со само 17 години и 287 дена, голманот на Генк, Мартен Вандевордт стана најмладиот чувар на мрежата на натпревар од Лига на шампиони. Направи пар киксови, ама добро, така се учи и се станува врвен голман.

Елмас патува во осминафиналето на ЛШ со хет-трикот на Милик

Наполи и Ливерпул ја потврдија фаворитската улога во Е групата од Лига на шампиони и со сигурни победи против Генк и Салцбург ќе бидат дел од нокаут фазата од ЛШ која стандардно стартува во февруари. Елиф Елмас остана на клупа.

Мурињо го испогушка, стекна светска слава, ама тест по математика не му бега

Во една минута само си ја вршиш својата работа, во следната Жозе Мурињо ти прави „да пукне“ и целиот свет дознава за тебе. Иако ти уште мораш да учиш за тест по математика во школо.

Промашување на колото во Лига на шампиони - Иконе од Лил

Уште после 100-на секунди од почетокот Ајакс поведе против Лил на гости. Домаќинот во 50’ минута имаше зицер да израмни преку Џонатан Иконе, ама црепот ја префрли трибината.

Меси за 700-от меч за Барса си подари гол + 2 асистенции

Мечот Барселона - Борусија стана 700-ти за Меси за клубот, и тешко беше да се поверува дека Лионел ваков повод нема да одбележи на свој начин.

Станувај побрзо да не ти киднам пак

Смешки на дуелот Лил - Ајакс. Редарот улови дете на терен, ама дете со чувство дека треба да им се помогне на постарите. Браво, не сме виделе волку учтив падобранец во ЛШ.

Pazza Inter Amala, шоу од голови во Лига на шампиони

Лукаку-Лаутаро Мартинез во моментов е најпеколниот тандем во цела Европа. Двајцата во Прага дадоа прекрасни голови и се наоѓаа буквално без гледање. Барселона тренираше со Дортмунд, а Наполи со Елмас од 81' минута од клупата, до злато вреден бод на Енфилд.

Да не може човек асален стрим да најде за ЛШ

И вие ли кои сте без Арена дома го имате овој проблем?

Левандовски е од друга планета

Ако „Златна топка“ се даваше за есенскиот дел од сезоната, Роберт Левандовски годинава немаше да има никаква конкуренција.

Лева даде 4 за 14 минути, ПСЖ 2 за 2 минути против Реал

Јуве уверливо прв во групата по триумф над Атлетико, а Баерн се прошета низ Белград на крилјата на лудиот Левандовски кој 4 пати погоди во мрежата. Реал прокоцка два гола предност против ПСЖ за 120 секунди.

Како две телиња добија црвени картони поради прослава на гол

Клуб Бриж извади бод дури во 90+3' минута од тешкото гостување кај Галатасарај во Лига на шампиони. Турците први поведоа, но Белгијците израмнија пред самиот крај преку Крепин Диата. Стрелецот на голот и неговиот соиграч Клинтон Мата веќе имаа жолти картони, ама се израдуваа како битанги кај корнер знаменцето и со право добија втор жолт и автоматски црвени картони.

Во Ливерпул дошол преку лотарија, а сега го спремаат за капитен

Трент Александер Арнолд е еден од клучните фудбалери на европскиот шампион под водство на Јирген Клоп. Игра толку сјајно што на „Енфилд“ во него гледаат иден капитен и лидер.

Вокер фино се снајде, ама се сеќавате ли што направи на гол дефанзивец на Лудогорец?

Со оглед на тоа што минаа пет години од дебито на Лудогорец во ЛШ, можеби некој заборавил како изгледаше тоа неповторливо сценарио за влез во групи. Работата ја реши романски дефанзивец против романски клуб, ама со ракавици на раце.

Што точно се случува во Наполи и колку е сериозна ситуацијата

И покрај тоа што летово на сите ѕвона најавуваа битка за скудетото со нов, освежен состав, Наполитанците веќе заостануваат сериозно зад директните конкуренти за титулата, а кризата ја продлабочи одлуката за карантин на претседатлот и бојкотот на играчите.

Пинг-понг ситуациите на Маракана

Европскиот вицепрвак ја потврди својата класа и со 0-4 ја згроми Црвена звезда во Белград во групната фаза од Лига на шампиони. Резултатот го отвори Ло Селсо во 34’ минута после една многу чудна ситуација со пречки, стативи и што уште не. Исто нешто имаше и на спротивната страна.

Луда драмолетка на Максимир: Адеми даде гол за 3:1 во 89-та, Шахтјор врати со два во судиско

Еден од двајцата македонски претставници во ЛШ вечерва беше и стрелец, но кога Модрите мислеа дека ја имаат победата, украинскиот состав погоди во 93-та и 98-ма од пенал со ВАР. Мртва трка за втората позиција, Динамо и Шахтјор имаат исто бодови.

За да те извади на полувреме треба да си дрвце

Маркос Алонсо некогаш важеше за еден од најдобрите леви бекови во англиската Премиер лига, ама веќе некое време не може да се спои со топката. Тренерот Лампард со право го држеше на клупа, а вчера против Ајакс реши да му даде шанса. Така играше што на полувреме го извади од игра и го стави малиот Рис Џејмс кој му донесе на Челси 4-4 во 74’ минута со убав дебитантски гол.

Третиот гол на Валенсија беше бомбастичен

Тимот од Местаља губеше 0-1 на полувреме од Лил во ЛШ, ама во второ заиграа како треба и со 4-1 го потопија францускиот претставник. Третиот гол за домашните го даде токму Французин, Кондогбија, од 30 метри.

Каква ноќ во ЛШ, Борусија од 0:2, стигна до 3:2, а Челси од 1:4 до 4:4

Уште полудо е што Челси стигна до реми за 11 минути и веднаш им поништија гол за 5:4, а Борусија го шокираше Интер со три комада за 26 минути. Пресврт направи и Валенсија, а Барса и Наполи одиграа само реми. Елмас остана на клупа.

Најјак сум, му ја земав на Меси

Одбраната на Славија Прага синоќа имаше пеколно тешка задача, бидејќи гостинот во ЛШ по име Барселона им тргна во напад со триото Меси-Суарез-Гризман. Погледнете ги овие радости на нивниот дефанзивец Давид Ховорка, не затоа што му ги зема, туку само му исфрли две топки на Меси.

Двајца навивачи на Ливерпул место во Генк, отишле во Гент, клубот сега ги кани

Скоро и да не постои човек на кој да му кажеш Ливерпул го тепаше Генк, утредента ќе биде сигурен дали Ливерпул го тепал Генк или Гент, па ќе потпраша. Ама тоа и не е толку голема штета ако се знае што им се случило на двајца скаузери.

Детето кое слуша химна на Лига на шампиони во кола, даде 6 гола на 3 натпревари

Австрискиот Салцбург веќе неколку години е клуб во сопственост на гигантот Ред Бул, којшто не жали пари да се дружи со најдобрите клубови на светот. И таа дружба им оди добро, во првиот пласман во ЛШ во историјата, во 3 кола на нивните средби паднаа 20 гола!

Барселона ја преброди Прага, Дрис Мертенс го надмина Марадона

Меси го начна и 33-от различен клуб во ЛШ и се израмни со Роналдо и Раул на оваа листа. Халанд стана првиот играч во историјата на ЛШ кој дал 6 гола на првите 3 меча во ЛШ. Елмас доби 10 минути во триумфот на Наполи.