Еден од најомразените клубови во Германија, богатиот Ред Бул Лајпциг си вози своја приказна во Лига на шампиони и Бундеслигата. Вечерва го совладаа Зенит со 2:1 откако Русите водеа на полувреме. Мечот го реши Марсел Сабицер со пеколен гол!
Од историската сезона на Интер со Мурињо кога ја освои тројната круна поминаа 9 години. Но тоа е приказна која се раскажува и ќе се раскажува, бидејќи е посебна ем затоа што ја оствари посебниот, ем затоа што една од важните алки во тимот беше нашиот најдобар фудбалер.
Ливерпул и Салцбург синоќа одиграа спектакуларен меч во Лига на шампиони, а европскиот првак на крај се спасуваше и победи со 4:3 откако Австријците од 3:1 се вратија целосно во игра.
Секаде низ Европа каде гостува нивниот клуб, навивачите на Ајакс Амстердам гостуваат по неколку илјади души. Кортеото (маршот) кој го прават понекогаш е долг километри.
Мохамед Салах го реши највозбудливиот меч на вечерта на кој Салцбург од 3:0 успеа да стигне до 3:3. Интер створи еден куп шанси на Камп Ноу, но Луис Суарез го реши лидерот од Серија А. Ајакс убедлив на Местаља.
Младиот репрезентативец на Мароко, Ашраф Хакими со две контри ја уништи Славија Прага на гости. Првиот гол му беше феноменален. Истрча пола терен па ги шина со се голман како Меси. Наполи одигра мирољубиво во Белгија. Елмас беше стартер и заменет по еден час игра.
Да се даде еден гол во елитното друштво е подвиг, а камоли 4 или 5 на еден натпревар. Тоа му појде од нога на Серж Гнабри од Баерн Минхен кој влезе на листата од 12 играчи кои постигнале по 4 гола на 1 меч во новиот формат на ЛШ (од 1992). Само двајца броеле дури до 5 гола.
Од сезоната 2021/22, УЕФА сериозно ќе ја смени структурата на еврокуповите. Овие промени нема да ја тангираат Лига на шампиони, но затоа групната фаза на Лига Европа ќе се скрати на 16 клуба и ќе се појави трет еврокуп.
Фудбалерите на некогашниот европски првак после пресврт го совладаа грчки Олимпијакос 3-1 (0-1) и ги освоија првите бодови во групата во Лига на шампиони. Навивачите на двата клуба, кои се во братски односи, постојано пееа заеднички песни. Почетокот на мечот го одбележа кореографија со грбовите на двата клуба.
Кога на Атлетико Мадрид ќе им земеш топка на нивна половина, мора да побрзаш со брзина на светлината, инаку ќе ти се сипе цел тим. Погледнете ги овие атлетски спринтови на момците на Симеоне против Локомотив Москва. Мислиш трка на 100 метри имаат.
Кога Мануел Ноер ќе добие топка во шеснаесетник на нога, не завршува акцијата како и со секој друг голман. Уште па да се обидеш да му ја земеш, ќе те излета ко мало дете.
Гол првенец за Мауро Икарди вреден 3 бода во Турција. Рутинирани победи на Сити, Јуве и Атлетико. Европскиот вицепрвак со црвени образи го напушти стадионот, а Црвена Звезда во финишот ги разби Грците.
Им дојде тогаш на „граѓаните“ на „Етихад“ во 2. коло од групите во ЛШ и на 38 години им покажа на Компани, Клиши, Јаја Туре, Давид Селва, Френк Лампард, Серхио Агуеро и Един Џеко, каква фудбалска интелегенција има.
Главна сензација на отворањето на ЛШ беше дебаклот на Аталанта во Загреб. Скоро сите очекуваа тимот од Бергамо со триумф да дебитира во елитното друштво, ама така не мислеше и Мислав Оршиќ.
Ли Кан Ин има 18 години. За репрезентацијата на Јужна Кореа има само 1 меч, а за тимот од Местаља дебитираше и во Лига на шампиони на мечот против Челси на Стемфорд Бриџ. Таму кај што погоди 6 пречки по ред на загревање.
Динамо Загреб го направи најголемото чудо во Лига на шампиони, откако со 4:0 ја декласираше Аталанта. Еден од головите фудбалерите го прославија со пожарникар кој стоеше зад голот, под трибината на „Бед Блу Бојс“.
Фудбалерите на хрватскиот шампион со четири парчиња во мрежата ја испратија Аталанта назад во Бергамо. Сити сигурен во Украина, реми меѓу Атлетико и Јувентус во дербито.
По загубените финалиња во 2015-та и 2017-та и неочекуваната ланска елиминација од Ајакс во четвртфинале, Јуве тргнува по нова, тешка и предизвикувачка сезона од најелитното клупско натпреварување, каде размислува само на трофејот. Вечерниот старт им е против Атлетико Мадрид кој прошла сезона го минаа во осминафинале. Трејлерот е прејак, особено за Јувентините.
Елиф Елмас синоќа имаше деби од соништата во Лига на шампиони. На Сан Паоло славеше против европскиот првак, а меѓу македонските гледачи се појави селекторот Игор Ангеловски.
Вечерашниот натпревар меѓу Баерн Минхен и Црвена Звезда во ЛШ го навраќа српскиот клуб на еден славен епски меч од аналите. Тоа е двобојот против Баерн по кој отпатуваа на финалето во Бари 1991-ва.