Новиот еврокуп кој ќе стартува од 2021/2022 ќе се вика Лига на конференции. Целата замисла е со цел да се зголеми значењето на Лига Европа и да им се даде шанси на клубовите од нефудбалските земји подолго да потраат во еврокуповите.
Освен тоа УЕФА сака да ги зголеми приходите и од нови тв права.
ШТО ЌЕ СЕ МЕНУВА?
Во моментов во групната фаза од еврокуповите играат 80 екипи од кои 48 во Лига Европа. Кога ќе се основа новата, трета Лига, практично ќе има еднаков број на клубови во сите три турнири, односно по 32 клуба во секоја Лига - 96 клуба или 16 повеќе.
Ќе се скратат двете први кола во квалификации за Лига Европа. Ќе останат само трето и четврто коло (плејофот). Затоа во Лига конференции и во Лига на шампиони ќе останат сите четири рунди.
Новиот турнир ќе се игра по иста шема како и ЛШ и ЛЕ.
Во групната фаза 32 екипи ќе се поделат на 8 групи, а по 2 најдобри од секоја група ќе играат во 1/8 финаел. Единствено нестандардно решение ќе биде што пред 1/8 финале ќе се одигра дополнителна плејоф рунда во која ќе се сретнат второпласираните од групи во Лига на конференции и третите од групи во Лига Европа.
Аналогно на ова ќе има и плејоф во Лига Европа во која третопласираните од Лига на шампиони ќе играат со второпласираните од Лига Европа за пласман во нокаут фазата на ЛЕ.
Новиот турнир ќе донесе 141 меч за 15 дена, онака како што е сега во Лига Европа.
Победникот во Лига на конференции ќе добие директен пласман во следната сезона од Лига Европа. Лига на конференции ќе се игра во четврток заедно со Лига Европа.
Финалињата на сите три турнири ќе се игра во една иста недела - во среда (Лига на конференции), четврток (Лига на Европа) и сабота (Лига на шампиони).
Важно е да се напомене дека топ лигите во Европа нема да добијат дополнителни места во новиот турнир, туку Лига на конференции е предвидена во прв ред за послабите федерации.
Дополнително место во квалификациите ќе добие само најслабата лига на ранг листата - Сан Марино. Но во групите ќе има 16 клуба повеќе. Во УЕФА сметаат дека во групните фази на трите еврокупи треба да има 32 земји (во моментов има претставници од 26 држави) и процентот на клубовите надвор од Топ-6 лигите да се зголеми. Секако во прв ред во Лига на конференции.
КОЈ ЌЕ ИГРА ВО ТАА ЛИГА НА КОНФЕРЕНЦИИ?
Правото на избор го имаат федерациите на секоја земја. Формално, пример Англија ќе ја претставува тимот кој ќе го освои вториот Куп во земјата (Лига Куп: а ако тој биде во Топ6 во Премиер, неговото место ќе го зазема седмопласираниот тим од Премиер).
Според ова, Шпанија, Англија, Германија и Италија ќе имаат по 4 претставници во ЛШ, 2 во Лига Европа и 1 во Лига на конференции. Франција ќе има 3-2-1, Русија 3-1-2, Португалија, Белгија, Холандија, Украина, Турција, Австрија, Чешка, Данска и Грција 2-1-2 итн.
Македонија би имала 1 учесник во квалификациите за Лига на шампиони како и досега и 3 учесници во Лига на конференции. Ние, како и многу други земји за сега (Полска, Норвешка, Шкотска, Шведска, Хрватска, Израел, Романија, Бугарија, Словенија, Србија, Финска, Ирска, Велс, Исланд, Албанија, Црна Гора, Ерменија, Молдавија, Луксембург, Малта, Грузија, Кипар и уште некои) нема да имаат учесник во Лига Европа.
Лига Европа ќе стане поелитен турнир со подобар статус затоа што во неа ќе влезат само претставници на најквалитетните 15 лиги во Европа според рејтинг.
Што се однесува до Лихтенштајн (31 место на ранг листата на првенства на УЕФА), во оваа земја нема шампион затоа што клубовите играат во швајцарските лиги, така што во еврокупови ќе влезе само победникот на Купот.
Во Лига Европа автоматски ќе има по две екипи од Топ5 лигите и една од шестото место на рејтингот.
Освен тие 11 клуба во групната фаза на ЛЕ ќе се најде и освојувачот на Лига на конференции (тоа ќе се знае после првата сезона), но и 4 клуба од патот на шампионите во Лига на шампиони кои ќе испаднат во плејофот од квалификациите за ЛШ, како и 6 клуба кои ќе испаднат од регуларните квалификации за ЛШ и 10 победници во квалификациите за Лига Европа.
Квалификациите за Лига Европа ќе стартуваат од 3 коло. Како и досега, ќе се делат на пат на претставници на лигите и пат на шампионите (испаднати од плејоф за ЛШ).
ПОВЕЌЕ ЗА ЛИГА НА КОНФЕРЕНЦИИ
Во групна фаза за новиот турнир нема да има автоматски пласиран никој (директно).
Таму исто ќе има пат на шампиони и нешампиони, но во првата рунда од квалификациите за Лига на конференции ќе бидат само нешампионите: 72 клуба од послабо рангирани федерации (од 29 до 55 место на листата на УЕФА).
Во второто квалификациско коло од Лига на конференции ќе е најдат 20 екипи кои ќе испаднат во првото коло од квалификации за ЛШ (ја скокаат Лига Европа и ќе играат квалиф. за ЛК).
Во квалификациите за Лига на конференции ќ еима 7 клуба од федерациите кои се од 6 до 12 место, по два клуба од фудбалските федерации чии првенства се рангирани на 13-то, 14-то и 15-то место на ранг листата, и по три клуба од федерациите кои се од 16-то до 28-мо место на рејтинг.
Очигледно е дека намерата на УЕФА е да ги прати слабите клубови во третиот турнир во кој ќе може да се борат меѓу себе со желба да налетаат на по некој атрактивен клуб како Вулверхемптон, Ајнтрахт, Еспањол.
Лига на шампиони генерално останува неизменета, но затоа интересот за Лига Европа ќе биде зголемен: ќе се играат поквалитетни натпревари против силни противници кои ќе бидат географски поблиску.
Ова генерално значи и дека Лига на шампиони ќе се преобрази во затворен клуб каде секогаш ќе бидат едни исти клубови. Лига Европа ќе биде на некој начин утешителна за сите други кои „не ги пуштаат“ во Лига на шампиони а Лига на конференции ќе стане Лига Европа за сиромашни.