За да те извади на полувреме треба да си дрвце

Маркос Алонсо некогаш важеше за еден од најдобрите леви бекови во англиската Премиер лига, ама веќе некое време не може да се спои со топката. Тренерот Лампард со право го држеше на клупа, а вчера против Ајакс реши да му даде шанса. Така играше што на полувреме го извади од игра и го стави малиот Рис Џејмс кој му донесе на Челси 4-4 во 74’ минута со убав дебитантски гол.