Меси за 700-от меч за Барса си подари гол + 2 асистенции

Мечот Барселона - Борусија стана 700-ти за Меси за клубот, и тешко беше да се поверува дека Лионел ваков повод нема да одбележи на свој начин.

Натпреварот го почна со прекрасна асистенција за голот на Луис Суарез, после и самиот даде гол, а во вториот дел му помогна на Антоан Гризман. Барса победи 3:1 и се пласираше во нокаут фазата од Лига на шампиони.

700 МЕЧА НА МЕСИ ЗА БАРСА И БЕСКОНЕЧНО МНОГУ ГОЛОВИ

Лионел Меси:

- 34 трофеи со каталонскиот клуб

- 2. место во клупската историја по број на одиграни натпревари (прв е Чави со 767). Секое коло Аргентинецот се приближува до вечниот рекорд.

- Има 613 гола за Барса. Од нив 125 меча по 2 гола, 40 хет-трика, 5 пати покер (4 гола на 1 меч) и 1 пента-трик.

- Лионел Меси има 237 асистенции во дресот на Барселона.

МЕСИ ВО ЕВРОПА ДАЛ ГОЛ ПРОТИВ 36 ОД 41 КЛУБ СО КОЈ ИГРАЛ

Официјалниот сајт на УЕФА ја детализира кариерата на Меси во еврокуповите. Лео има 140 меча во Лига на шампиони и плус 4 меча за Суперкупот на Европа.

Аргентинскиот репрезентативец има 117 голови во Европа - 114 во Лига на шампиони и 3 во Суперкупот.

Во својата кариера во европкуповите, Меси играл против 39 клуба од 16 земји. Не дал гол само против 5 екипи во Лига на шампиони: против Атлетико (иако редовно ги полни во Ла Лига), против Интер, против Бенфика, против Рубин Казан и Удинезе. До средата меѓу нив беше и Борусија Дортмунд.

Интересно, голманот на руски Рубин Казан, Сергеј Рижиков дури 4 пати играл против Меси, имал 237 минути против најголемиот на сите времиња и ниту еднаш не примил гол. А најдолга серија против Меси има легендарниот Жулио Цезар кој бранеше во Интер (3 меча за Интер, 270 минути без примен гол од Меси).

Лионел го пратеше и проклетството со Челси. На 10 меча против лондонскиот тим Меси одигра 835 минути и во првите 730 го напушташе теренот без гол. А после дојде сезоната 2017/2018 и им даде 3 комада на „Сините“.

Најомилен противник на Меси во Европа е Арсенал. Против „топџиите“ дал 9 гола на 6 меча.

Ако се зборува за национални првенства, најмногу од Меси страдале англиски клубови (26 гола против нив), германски (17) и италијански (12). Против руските клубови дал 4 гола на 6 меча.

28 ноември 2019 - 10:15