Ако во Галиција, еден од најубавите реони во Шпанија кој излегува на Атлатнскиот океан прашате кој е подобар, Меси или Роналдо, ќе ви одговорат: „Јаспас“. А Јаспас е човекот-икона на Селта Виго кој се врати од Ливерпул само да биде дома меѓу своите.
Малото градче Лезама се наоѓа на 10 километри надвор од Билбао и е дом на 2.400 жители, но и на еден од најинтересните фудбалски клубови на светот: Атлетик Билбао - гордоста на автономната покраина Баскија.
Во современата историја на Барселона голманите никогаш не биле клучни луѓе на терен, но Германецот Тер Штеген го смени тоа и стана еден од главните носители на екипата.
Реал Мадрид не дал гол повеќе од 6 часа. Не победил ниту еднаш на последните 4 натпревари по ред и падна на 4. место на табелата во Ла Лига. За еден Реал ова е криза но ситуацијата лесно може да се објасни.
Во првенство на земја каде играат технички најпоткованите фудбалери во Европа, да имаш најголем посед на топка значи дека треба да си тренерски магистар. Кике Сетиен е магистарот на Бетис.
Го наумија и со цел памет ќе го реализираат. Да не му се верува на човек. Жирона и Барселона во рамките на натпревар од Ла Лига ќе се сретнат во Мајами. Значи не на летна турнеја, туку во домашно првенство. Зошто? За пари.
Ангажманот на судиите во кабината (video assistant referee) кои ги укинаа само во Премиер лига, а во ЛШ ќе ги нема ниту сезонава, ја демострираа користа и во Ла Лига. Со ВАР се ќар и самите играчи кои поминуваат со помалку картони.
Стадионот на Рајо Ваљекано, „Кампо де Ваљекас“ се наоѓа во предградие на Мадрид на 5 км од центарот на градот, на 4-5 метро станици. Челните луѓе на Ла Лига го затвориле овој стадион во текот на новата сезоната, а основна причина за тоа е - недовршениот ремонт.
Победата на „јорганџиите“ над Реал во Суперкупот на УЕФА му покажа на светот дека денешниот Атлетико Мадрид нема да биде само трета сила поред во шпанскиот фудбал, туку сериозно ќе се бори за шампионската титула во сезоната 2018/2019.
Најдобрите топ 5 лиги во Европа, а и други, решија да користат ВАР (видео-повторување на спорните моменти), само Англичаните и УЕФА за Лига на шампиони и Лига Европа одбија да го употребуваат системот кој докажано ја подобрил играта.
Ако заклучиме дека пред едно 15 дена заврши Светското, а за помалку од 15 дена стартува новата сезона во дел од првенствата кои ги следите, тогаш и не е дека во лето е тапа со фудбал.
Ако некој и натаму сомневаше чиј клупски фудбал е најдобар на светот, од синоќа веќе нема дилеми. На Пиринејскиот полустров се игра најдобриот и најуспешниот фудбал.
Паоло Малдини, Франческо Тоти, Рајан Гигс, Пол Сколс и Чаби Прието, тие се најверните фудбалери кои од почеток до крај го носеа саканиот дрес. По првите четворица, дојде време да се поздравиме и со легендата на Реал Сосиедад.
Како што пишува Mundo Deportivo, Лео кој синоќа запиша хет-трик на гостинскиот меч во 35. коло против Депортиво (2:4), го постигнал јубилејниот 1.000 гол во својата кариера. Сè почнало уште од 1994 година кога Меси на седум годишна возраст почнал да игра за Њуелс Олд Боис.
Валверде реши на терен од прва минута против Селта Виго да пушти една Барселона без играч од сопствената академија, нешто што не се случило уште од далечното гостување во Баскија пред цели 16 години.
Атлетик Билбао изгуби минатиот викенд од давеникот Депортиво Ла Коруња 2:3 во 32. коло од шпанското првенство. Вториот гол за домаќините го даде Маркел Сусаета - директно од корнер.
Реал Сосиедад на времето не изгубил 38 меча во Ла Лига: 6 во сезоната 1978/1979 и дури 32 меча во сезоната 1979/1980 кога забележал 20 победи и 16 нерешени. Страшната серија им завршила на „Рамон Санчез Писхуан“. На 11 мај 1980 година Севиља го победила Сосиедад со 2-1.
Португалецот во дресот на Барселона, Андре Гомеш често е мета на критики, навреди, свирежи зошто не покажува ниво вредно на Барселона - но никој не ја знаел неговата душевна состојба.
26-годишниот Бразилец кој за 222 милиони евра се пресели од Барселона во Париз досега сезонава на 28 меча има 28 гола и 16 асистенции за ПСЖ. Но тоа е сè од него:
Пред три дена наполни дури 37 години но тоа не му смета да е прв стрелец во Лига Европа со 8 гола и да го држи Атлетик Билбао во мирната зона во Ла Лига. А малку фалело да стане лизгач на брзи патеки.
„Се навикнавме дека тоа е страшно и лошо, но зошто? Кризата е добредојдена. Прав момент да се смени сè од нула. Кога сфативме дека Еибар е мал и сиромашен клуб, тоа ни даде сила и искреност да му ја раскажеме нашата историја на светот“, вели младиот шеф на клубот.