Баскискиот Тоти ја завршува кариерата со негов лик наместо амблемот

Паоло Малдини, Франческо Тоти, Рајан Гигс, Пол Сколс и Чаби Прието, тие се најверните фудбалери кои од почеток до крај го носеа саканиот дрес. По првите четворица, дојде време да се поздравиме и со легендата на Реал Сосиедад.

Фудбалерите на Реал Сосиедад, тимот кој му беше ривал на Вардар во Лига Европа, во 37. коло од шпанската Ла Лига утре против Леганес, ќе истрчаат со дресови на кои наместо грбот на клубот ќе стои името и ликот на легендарниот активен капитен Чави Прието кој ја завршува кариерата по крајот на сезонава.

„Чави секогаш го носеше грбот на Реал Сосиедад, сега Реал Сосиедад ќе го носи него на грбот“, пишува во соопштението на клубот.

Чави е жива легенда на баскискиот клуб. Првиот меч за Реал Сосиедад го одиграл во 2003 година. Од тогаш до денес одиграл 530 меча во сите натпреварувања и го зазема петтото место по бројот на настапи за клубот.

На дуелот со Леганес од клубот ќе се прости и легендарниот стопер Карлос Мартинез кој цели 18 години го носеше дресот на Сосиедад.

ЦЕЛ ЖИВОТ САМО ЕДЕН КЛУБ, ЕДЕН ГРАД

Како мал фудбалски растел со трофејниот Чаби Алонсо и неговиот брат Мигел. Заедно играле во локалниот клуб Икастола Санто Томас Лизеоа под будно око на таткото на Чаби Прието, поранешен фудбалер.

„Татко му беше ѕвезда на целиот округ. Две титули со Сосиедад, Лига Куп и Супер Куп со Барселона, играше за репрезентација. И секогаш беше едноставен. Ден-денес никој не го вика по име, туку по прекарот Перико. Тој не научи на најважното - да стоиме цврсто на земја и да му бидеме благодарни на Бога за тоа што ни го дал“, раскажал во 2010-та

Кога неговиот талент го забележале скаутите во Реал Сосиедад, брзо бил повикан на проба и се родила љубов на прв поглед.

Чави Прието дебитирал за Сосиедад на 8 октомври 2003 година во 1/32-финалето на Копа дел Реј (Овиедо - Реал Сосиедад 1:2). Првиот гол за својот сакан тим го дал на 23 мај 2004 година во страшниот триумф на Баскијците среде Мадрид (Реал Мадрид - Сосиедад 1-4). Тогаш дал два гола - првиот од игра и последниот од пенал.

За тимот од „Аноаета“ Чаби Прието од 2003 до денес забележа 530 настапи и даде 80 голови што е своевиден рекорд во современиот фудбал. Необично, Прието никогаш не играл за репрезентацијата на Шпанија иако местото му било таму. Минатата сезона стана играч кој не промашил 21 пенал по ред.

Никогаш нема да се заборави неговиот хет-трик на „Сантијаго Бернабеу“.

Откако застана рамо до рамо со легенди како Тоти, Малдини, Рајан Гигс и Пол Сколс кој целиот живот носеа само еден дрес, Чаби Прието денес 34-годишен капитен на Реал Сосиедад, може да биде мирен што ќе го остави клубот да плови мирно во најдобрата шпанска лига.