Датумите кои ќе ве интересираат овој месец

Ако заклучиме дека пред едно 15 дена заврши Светското, а за помалку од 15 дена стартува новата сезона во дел од првенствата кои ги следите, тогаш и не е дека во лето е тапа со фудбал.

Ако квалификациите за Лига на шампиони и тоа пријателските не ви беа доволни за периодов да составите тикет по ваша мерка, тогаш од овој месец очекувајте билтените да бидат подебели за листање.
 
Овој викенд не, ама веќе од другиот ќе има и што да се типува и што да се гледа на телевизија. Зборуваме за асален фудбал, а не за тоа вештачките турнири во Америка каде Мурињо изјави дека ако бил навивач немал да плати карта за да ги гледа.
 
Топ 5 европските лиги за кои се живее во текот на годината, полека ни тропаат на врата. Доста ги гњавите другарите еј абе кога почнува англиско? А италијанско? Еве го распоредот кој треба да го ѕирнете и замаптите. Сите стартуваа месецов.
 
10 АВГУСТ - ПРЕМИЕР ЛИГА
Првото коло од новата сезона во Премиер лигата се отвора со Манчестер Јунајтед - Лестер, а се затвора со Арсенал - Манчестер Сити. Не викендов што доаѓа, туку тој по него. Не е лошо ко за почеток нели?
 
10 АВГУСТ - ЛИГА 1
Истиот викенд паралелно со англиско, ќе не освежат и со француско првенство.
 
19 АВГУСТ - СЕРИЈА А
Една недела подоцна стартува и Серија А, екстра појачана со фудбалерот по име Кристијано Роналдо кое први ќе го видат навивачите на Киево. Има и дерби, Лацио - Наполи, како и кам бек на Парма во прва лига.
 
19 АВГУСТ - ЛА ЛИГА
Со италијанско, во пакет оди и шпанско. Барса и Реал ќе се загреваат со лесни противници пред своја публика, а дерби дуелот ќе се игра меѓу Валенсија и Атлетико Мадрид.
 
24 АВГУСТ - БУНДЕСЛИГА
Во последниот викенд од месец август стартуваат Германците со дуелот Баерн Минхен - Хофенхајм.
Малку поопширна верзија:
1 август 2018 - 13:12