ПОВРЕДИ
Во разни етапи од почетокот на сезоната разни натпревари пропуштаа некои играчи поради повреди:
Герет Бејл - единствен кој дава брзина во нападот. Лукас Васкез и Винисиус Жуниор би можеле да го компензираат некако неговото отсуство, но тешко во системот на Хулен Лопетеги.
Марсело - главна опција за создавање ширина во нападот. Се повреди и Дани Карвахал кој исто му даваше ширина на средниот ред.
Иско - задолжен за последниот пас пред противнички гол.
Како по правило, списокот на повредени играчи кога ќе тргне малерот, е поширок но оваа тројка е најважна за Реал затоа што немаат достојна замена. Нивното отсуство се одразува на позициониот напад на „Кралевите“.
И покрај тоа што изгуби неколку средби, Реал не беше ужасен. Статистичките показатели велат дека поседот на топка од 57,8% пораснал до 64% што не е за занемарување. Исто така Реал на овие натпревари допуштил помалку излети на противникот и често ја освојувал топката на противничко поле.
Најупадлив пад има само во еден параметар - завршните додавање/создавање шанса. На стартот од сезоната Реал имал 21 завршно додавање а во кризниот период само 12.
InStat ги определува како „пас до соиграч во гол положба (излегување еден на еден, положба пред празен гол итн.), а исто и додавање зад целата линија на противничката одбрана (3 и повеќе фудбалери) во активна фаза на напад.
За екипа која игра на карта посед на топка овие завршни додавања се многу важни.
Иско е лидер на Реал според ваквите додавања и создавање шанси за гол (23 на 7 нецели одиграни натпревари). Без него таа задача ја имаат Тони Крос и Лука Модриќ кои се претежно задолжени за движење на топката од позади кон нападот а не за последниот пас. А нив им е тешко кога крајните бекови не создаваат ширина во нападот.
ЛОША СРЕЌА
Проблемите на Реал како да се врзани и со лошата среќа (малерот). На оваа причина укажуваше и Лопетеги: „Пораз во секој случај е сурова казна, но фудбалот е таков. Во последните две недели често не ни одеше. Тоа е нормално. Головите и победите ќе се вратат.“
Така мислат и фудбалерите: „Должни сме да го сочуваме единството. Не мислам дека игравме лошо. Противникот имаше еден напад за цел натпревар и даде гол“, објасни после поразот од Алавес Рафаел Варан.
Реал во кризниот момент има во просек по 4 сериозни шанси од кои при нормална реализација би резултирале со 4 гола. Лопетеги е во право кога вели дека формата на играчите е аномалија која ќе пројде.
ДАЛИ Е ЛОПЕТЕГИ ВИНОВЕН?
Виновен е, но не заслужува отказ.
Екипата има недостатоци кои се јавиле уште во подготвителниот период. Највпечатлив проблем е падот при контрапресинг. Противниците го казнуваа Реал Мадрид сурово кога ќе им застануваа во контрапресинг, но тоа е нормално за екипата која е променета.
Тренерот Лопетеги пробува, менува, носи нормални кадровски решенија и има поддршка од играчите.
„Понекогаш луѓето носат глупави одлуки. Смена на тренер секогаш е најлошо. Во нашиот случај тоа би било ненормално. Луѓето судат според резултатит особено кога екипата губи, но ние уште сме мотивирани, амбициозни и сакаме да победуваме. Победите се дел од нашата ДНК. На прав пат сме и покрај лошите резултати“, рекол капитенот Серхио Рамос.
Излезот од кризата можеби не е отпуштање на Хулен Лопетеги туку признание дека на Реал Мадрид му недостасува длабочина на трите клучни позиции (минимум на три).