„Духот ми го напушти телото, сакам да можам да кажам едно нешто... за последен пат за луѓето кои ги изгубивме. Зошто еднаш кога ќе заминеш, заминуваш засекогаш“.
Легендарниот центар кој со Коби беа како браќа, се појави пред топлата народ насобран на местото каде славното дуо освои три шампионски прстени. Колку и да е во шок, се обиде барем за момент да го разведри амбиентот.
Брајант беше навивач на Милан, носеше нивен дрес, а тоа им го кажа и кога ги посети во Миланело и тоа на италијански. Погледнете ја оваа атмосфера пред четвртфиналниот дуел од Купот на Италија меѓу Милан и Торино. Морници.
„Без придонесот на Брајант, книгата ја загуби својата смисла“, изјавил Пауло Коељо по смртта на славниот кошаркар, објаснувајќи зошто одлучил да ги уништи досегашните скици за она што требало да биде нивна заедничка книга.
Реакциите не стивнуваат, тагата трае кај многумина негови обожаватели, а веќе паѓаат и одлуки што да се крсти во негово име. Италијанците донесоа одлука за на нивни терен.
Шпанските говорници меѓу жителите на Лос Анџелес исклучително многу го почитуваа Брајант не само како икона на нивниот Лејкерс, туку и како човек кој го зборува нивниот јазик и ја негува латино културата како да е еден од нив.
Српскиот тениски ас го победи Милош Раониќ на Австралија опен, а потоа доби прашање за трагично загинатиот кошаркарскиот ас. Изјави дека се познавале 10 години, дека секогаш му бил тука за совет и поддршка и дека му бил пријател и ментор. На крај се расплака.
Меѓу безбројните објави што за инспиративниот живот и кариера на Коби, што за најубавите моменти кои им ги пружил на навивачите, има и такви кои се навраќаат на неговото детство.
Брајант беше голем, баш голем навивач на Милан, посебно затоа што раскажуваше дека најубавите спомени од детството ги носи од Италија, каде татко му Џое играше кошарка.
Коби е енергија, мотивација, инспирација во движење. Борба, издржливост, натпревар. Неприфаќање на статус кво, немање изговори, незастанување додека не стигнеш до целта. Игнорирање на болка, падови, повреди.
Двајцата со сигурност најдобри кошаркари на сите времиња имаа толку многу сличности во играта на теренот, што делува мошне необично. Мајкл изрази длабоко сочувство до семејството и пријателите на Брајант за кого кажа дека е еден од најголемите во неговата генерација.
Катастрофата со хеликоптерот во кој загинаа 9 лица меѓу кои и Коби Брајант и неговата ќерка Џана го сопре светот: Твитер неколку минути беше во блокада, во НБА тапкаа топка во празно, а 62’ издание Греми почна во молк.
Поддржувачите на Коби Брајант се во шок од фактот што нивниот идол повеќе го нема, особено навивачите на Лејкерси кои масовно излегуваат пред Стејплс центар и му палат свеќи. На Твитер пак се случува малку поинакво изразување на почит. Оставаат пред своите куќи баскети за него и ќерка му.
Овој модел го користат и членови на британското кралско семејство, како и спасувачки служби во многу држави. Во аеронаутиката важи за мошне безбеден хеликоптер.
Коби Брајант малку спиел, понекогаш само неколку часа во ноќта, што е малку за професионален спортист. Пред пар години еден новинар го прашал зошто не спие доволно, а Коби дал прост одговор: „Зошто имам многу работа“.
На нејзе може да се слушне како од контролната кула го предупредуваат пилотот на хеликоптерот дека лета премногу ниско по што за кусо време се губи комуникацијата.
Ја заврши во 2016-та со 33.643 поени, 7.047 скока и 6.306 асистенции и цела му ја посвети на Лос Анџелес Лејкерс со кој освои 5 шампионски титули. Какви лекции по баскет држеше овој човек. Замислете дури 25 пати успеал да даде по 50 коша.
Одвојте 4 минути од вашиот живот за кои не ви треба ни торент ни кино, туку само мало внимание. Кога на 29 ноември 2015-та го најави своето пензионирање тој и раскажа на кошарката колку ја сака уште од мал. Писмото се искористи за да се направи краткометражен анимиран филм под името Dear Basketball кој во 2018-та доби Оскар.
Смртта на Коби Брајант е апсолутен шок за целиот свет на спортот, но и пошироко. Разни извори по објавата на веста, шпекулираа кој сè бил со него во хеликоптерот, а на крај стигна трагична вест.