Емотивна изјава на Новак за Коби

Српскиот тениски ас го победи Милош Раониќ на Австралија опен, а потоа доби прашање за трагично загинатиот кошаркарскиот ас. Изјави дека се познавале 10 години, дека секогаш му бил тука за совет и поддршка и дека му бил пријател и ментор. На крај се расплака.

„Не знам што би можел да кажам. Сите се изненадивме. Беше еден од најдобрите спористи во историјата. Ме инспирираше мене, но и многу други луѓе низ светот. Имав среќа да го познавам лично во последните 10 години. Беше тука за мене кога ми беше потребен совет и поддршка. Ми беше и ментор и пријател. Страшно е да се слушне што му се случи на него и на ќерка му“. 

28 јануари 2020 - 14:13