Таг: кина

Г2

Кога Обама станува претседател во 2009 одржан е Г2 самитот на кој треба да се редефинираат односите меѓу САД и Кина како сеопфатно партнерство со цел избегнување на „судир на цивилизациите“. И некаде на тоа и остана целиот концепт.

Ужасот на една кирија

Кинескиња две години им го изнајмува станот под кирија на студенти, без ниту еднаш да ги посети се до заминување од станот. Кога ги добива назад клучевите оди да види што треба да се среди пред пак да го издаде. По неа и други почнуваат да ги снимаат своите кираџиски кошмари.

Шефот на американските нуклеарки: Ќе биде „големата“

Командантот во чија надлежност се американските нуклеарки, Чарлс Ричард, го расипа апетитот на присутните на една конференција на морнарицата, споделувајќи го впечатокот дека нему Украина му делува само како предјадење за главното јадење. Русија останува акутна закана но главниот непријател е Кина.

23-часовен лет за 2 часа со кинескиот диктатор

Многумина го советуваа против, но канцеларот на време слета на аеродромот во Пекинг во петокот наутро околу 9 и 30, пишува германски Билд.

Кина уште се бори против ковид... со ќотек

За волја на вистината и во остатокот на светот да не попуштеа мерките за борба против ковид како што е во Кина, секаде идентично вака ќе му беше смачено на народ.

Како се владее Кина

Од милијарда и четиристотини милиони Кинези, колку по ваша претпоставка се членови на комунистичката партија? 200, 300, 500, 800 милиони? Ни приближно. Комунистичката партија на Кина, ја владее земјата од 1,4 милијарди луѓе со „само“ 94 милиони членови, што е неполни 7% од вкупното население.

Американец веќе не смее да работи за кинеска компјутерска компанија

Сите иматели на американска зелена карта, работна дозвола или пасош, што во основа го опфаќа најголемиот дел високи директори во кинеските производители на чипови, треба да изберат меѓу давање отказ или губење американско државјанство / престој.

Кина едвај постигнува со производство на електрични ќебиња за Европа

Иако логиката не им е баш непробојна, Европејците периодов навалиле на купување електрични ќебиња од Кина како превентива од проблемите со греење во зимските месеци.

Кина го плаши народот од комар

Пораката на кампањата против коцкање што се тера во Кина не е баш апла дека коцкањето е лошо, туку повеќе е „не знаеш какви сè преварнти ги има по тоа масите“, а видеата за нејзе се главно од местење карти.

Просечниот Кинез стана побогат од просечниот Европеец

Иако на Северна Америка и Европа отпаѓаат 57% од вкупното богатство на домаќинствата во светот, сам на сам Европа ја губи својата позиција од Кина во рангирањето на богатството на своите возрасни жители.

Сè се рачуна

Вие и сите други не мора, ама Кинезите водат есап за сè и за секоја средба што ја имаат со Американците и кој кого натерал да се наклони макар и за неколку степени на неколку моменти.

Како изгледа кога 21 милион Кинези треба да купат за карантин

Кина под карантин стави цел град со популација колку екс-Ју за да го спречи ширењето на ковид-19. Се работи за 21-милионскиот Ченгду, кој е најголемиот град по Шангај на кој Пекинг му препиша масовен карантин. А затоа што не се знае што ќе се случува, цел град се даде на шопинг.

Кина ќе ја спасува ЕУ

Само што одлучно (и не по своја волја) почна да се оттргнува од зависноста од рускиот гас, за која имаат колку економски, толку и идеолошки забелешки, ЕУ спасот го најде во уште поголем проблем - кинески гас.

И нови згради може да се рушат

Дивоградба е дивоградба, без разлика дали е стара или само што е направена.

Војна меѓу Америка-Кина во скоро време нема да има

Односите меѓу САД и Кина околу Тајван беа напнати и пред посетата на Пелоси. По посетата аналитичари проценуваат дека во рок од 18 месеци Кина упаѓа во Тајван и со тоа влегува во војна со САД. И ова нема да се случи.

Пентагон не може да ја добие Кина на телефон

Највисоките кинески воени функционери немаат кренато на повеќе телефонски повици од нивните колеги од САД, откако Пелоси реши дека сепак треба да слета во Тајван.

Вашингтон пост ја с'ска Америка

Неделава САД покажа дека може да се справи со Кина и со Русија во исто време, без да почне нови војни или да изгуби некоја од постојните битки, пишува Џош Рогин во својата колумна во Вашингтон пост под наслов „Скептиците не се во право: САД можат да се конфронтираат и со Кина и Русија.“

Од времето кога САД беа суперсила

На снимка која е незамислива во денешно време, што заради военото осилување на Кина, што заради погубната зависност на американската економија од Кина, тројца американски Конгресмени (меѓу кои и Ненси Пелоси) одат на Тиенанмен плоштадот (сосе камермани и новинари), вадат натпис во сеќавањето на „тие што загинаа за демократијата во Кина“ и полагаат три цвета на споменикот на мачениците.

Ако Пелоси не отиде во Тајван, Кина победи

Додека целосна цивилна и воена администрација на САД пробуваат да ја пишманат Пелоси од посетата на тајванскиот остров, првиот човек на републиканците во сенатот најјавно ја сска дека не смее да уцвика пред Кина.

Кина не може да постигне да си ги нахрани свињите

Проблемот што Кина го има со свињите по дома е проблем за секој човек на планетава во чија исхрана има какво било жито. И овој проблем не се намалува.

Сакате да видите нешто страшно?

Доаѓа од Кина и не е јадење бубачки, кучиња, лилјаци или што и да е, туку нов систем на наплата. На каса ставаш лице пред камера и понатаму системот знае и кој си и кај ти се сметките и од кој сметка да ти наплати.