Ако Пелоси го откаже патувањето заради заканите на Пекинг, тогаш таа и подарува победа на Кина, порачал републиканскиот лидер во Сенатот, Мич Меконел.
За него посебно е важно да се осигури дека Тајван има одбранбените системи кои ќе можат да се спротивстават на потенцијалната закана, „а тоа бара многу поголема посветеност на одбраната на Тајван отколку што имавме до сега.“
Посетата што Пелоси веќе еднаш ја одложи во април („заради ковид“) ќе треба да се случи кон крајот на летото.
Реакцијата на кинеската страна околу плановите на Пелоси се движи од тоа дека нејзиниот авион нема да стигне до островот, до тоа дека посетата би била повод за почеток на војна со Тајван.