Пекинг не им кренал ниту на министерот за одбрана на САД, ниту на првиот човек на американскиот генералштаб, додека истовремено продолжува со лансирање проектили околу Тајван и распоредување на своите воени бродови.
Американците паничат дека баш во време на ваква криза е неопходно да функционираат механизмите за комуникација меѓу двете страни, посебно што кинеските бродови почнале да оперираат се поблиску до американските сили.
Ова го повтори и портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби, според кого комуникацијата е важна за да се намали ризикот од погрешни калкулации и перцепција.
Последен пат кога се слушнале првите луѓе на генералштабовите на САД и Кина е 7 јули, кога разговарале токму за потребата за одржување на отворени линии за комуникација.
Кина објави дека прекинува со одредени дијалози со високи американски воени команданти, вклучително и регионални, како и со разговорите околу поморската безбедност.
Според САД воените вежби што ги спроведува Кина околу Тајван прекршиле повеќе преседани и фундаментално го промениле статус-квото на регионот, вклучително и лансирање на проектил кој прелета преку тајванскиот остров.