Наспроти очекувањата дека Тајван би бил освоен во инвазија налик онаа на Нормандија со истурање на стотици илјади кинески војници на бреговите на островот, сега се повеќе во игра е опцијата за истоштување со воведување на поморска блокада која би го изолирала Тајван.
Во изминатите години доминантниот одговор на прашањево е сменет од „секако не“ и „никако“ во „можеби“ и „можеби наскоро“, меѓутоа има зошто се уште е далеку од „да“.
Односите меѓу САД и Кина околу Тајван беа напнати и пред посетата на Пелоси. По посетата аналитичари проценуваат дека во рок од 18 месеци Кина упаѓа во Тајван и со тоа влегува во војна со САД. И ова нема да се случи.
Највисоките кинески воени функционери немаат кренато на повеќе телефонски повици од нивните колеги од САД, откако Пелоси реши дека сепак треба да слета во Тајван.
Да не биде дека не кажале, човекот од кинеската влада што моментално е задолжен за работи околу корејскиот полуостров, појасни дека во Тајванскиот теснец, што го дели Тајван од Кина, има повеќе зони, меѓутоа ниту една од нив не е „меѓународни води“.