Таг: кина

Како се постигнува неподносливата кинеска беспрекорност на церемонии

Ништо комплицирано, само некој треба многу да вежба, многу да пази, многу да работи, многу да премерува и веројатно да му е јасно дека ќе го изеде црна земја ако нешто не е до милиметар под конец.

Гугл и Епл треба да го избришат Тикток затоа што шпионира Американци

Личните податоци на милиони американски корисници на Тикток се собираат и обработуваат од Кина, заради што двете најголеми мобилни платформи треба да ја избришат апликацијата од своите продавници.

И дожд ќе ви направиме

Во кинескиот град Пујанг (со некои си смешни 3,6 милиони жители) на облакодерите почнаа да се монтираат големи црева кои ќе поливаат сè под себе за да ги разладат граѓаните по горештините.

Како да кажеш дека Тесла шпионира за Американците, без да кажеш дека Тесла шпионира за Американците

Од 1-ви јули ниту едно Тесла возило два месеца нема да смее да припари во кинескиот крајбрежен туристички дистрикт Беидаихе, во кој треба да се одржи летниот партиски состанок на раководството на Кинеската комунистичка партија.

Кина стигна да го плеска Западот за слобода на медиумите

Се додека Западот не го реши проблемот со Асанж како што треба, само и само со помилување, сите хвалоспеви што си ги делат сами на себе ќе им бидат дочекувани на истиот волеј „а Асанж?“.

Кина пушти во оптек трет носач на авиони

Се вика Фуџијан или Тип 003, и е првиот кинески носач на авиони кој е целосно дизајниран и изграден во Кина.

Кинезите слушнаа нешто

Џиновскиот кинески телескоп Небесно око можеби фатил сигнал од вонземјанска цивилизација, беше објавено од државниот Сајанс енд технолоџи дејли, за потоа истото да биде избришано.

Кина да ви покаже како ковид пасошите може да се користат за диктатура

Во Кина деновиве беше закажан и требаше да се случи масовен протест на стотици Кинези против Народната банка заради замрзнати средства во износ од десетици милиони долари. Ништо од тоа не се случи, и тоа со нула употреба на пендреци и присила, и лагана употреба на тамошната верзија на ковид пасоши.

Кина го претера со спасувањето на планетава

Со секоја додадена ветерница или соларен панел Кина „фрла“ се повеќе и повеќе зелена енергија бидејќи нејзината електрична мрежа нема капацитет да ја искористи истата.

Прерано е да му одбројувате на Ши

Комбинација од „елити“, „реформатори“, „гневни претприемачи“ плус премиерот Ли Кечијанг е наводниот состав на опозицијата со која се соочува кинескиот претседател и која му ја крои пензијата по гласањето за нов мандат закажано за есенва.

Во Кина или си употреблив или динамит

Речиси 250-метарски мост (10 метри широк), го снема за околу 10 секунди, откако беше решено дека е неупотреблив и покрај големиот број поправки / санации што му биле направени.

Паѓа Ши Џинпинг?

За сега сведено на пусти желби на индиски, конзервативни американски медиуми и шпекулации на кинеските социјални мрежи, без официјални изјави, муабетите за заминувањето на Ши Џинпинг почнаа се повеќе да се актуелизираат.

Изгледа Кинези сепак знаеле да градат автопати

Истите овие што ги прогласија за неспособни да изградат автопат од Кичево до Охрид, на крајот од февруари почнаа да градат нов 150 километри долг автопат низ пустина, на чист песок, кој треба да биде готов и пуштен во употреба во октомври следната година.

Кинезите ќутенката почнаа да се повлекуваат од Русија

Под притисок од потенцијални американски санкции и секнување на снабдувањето со делови и технологија какво што пред неколку години го снајде Хуавеи, кинески технолошки гиганти без многу галамење почнаа да излегуваат од рускиот пазар.

Најкомплицираниот кинески знак е за нудли

Се пишува со 58 потези и е за порција биангбианг нудли.