Навивачите на Милан се прашуваа како настапот на дури 5 фестивалски вечери ќе се одрази на игрите на Ибрахимовиќ во црвено-црниот дрес во остатокот од сезоната, но попладнево клубот објави дека тој поради повреда можеби ќе пропушти 3 меча: Јунајтед, Верона и Удинезе.
Неверојатен кош падна на мечот од трета италијанска лига: Кијети Баскет - Еуробаскет Рома. Гостите на пар секунди до крај имаа 3 поени предност и слободно фрлање. Ама мечот во продолженија го однесе Паулис Сорокас со будалест кош.
Италијанците ги обожуваа Барези, Баџо, Малдини, Тоти и Неста, но посебна љубов гаеле кон легендарниот центарфор кој од затвор отиде на Мундијал и како најдобар играч се врати со злато во татковината.
Во Бразил фудбалот е на ниво на религија. Навивачите на бразилската репрезентација памтат 3 најболни моменти во животот. Мараканацо, кога Уругвај ги добива после пресврт среде Бразил во финале на Светско првенство, дебаклот 1:7 од Германија и поразот од Италија 3:2 во група на Мундијал 1982 кога Паоло Роси постигнал хет-трик.
Виртус Болоња убедливо со 20 разлика славеше во градското дерби со Фортитудо Болоња (71-91), а потегот на вечерта (слободно може да се каже на месецот) го имаше Милош Теодосиќ.
Некогашниот редовен прволигаш Катанија, клуб од Јужна Италија, се натпреварува во трета лига. На нивниот меч против Вибонезе тренерот на Катанија Бепе Рафаеле кај аут линијата спречи една контра на гостите и доби директен црвен картон. За негова среќа Катанија славеше со 2-1.
Виртус Болоња стигна во финалето на италијанскиот кошаркарски Суперкуп и таму изгуби од фаворитот Милано со 75:68. Милош Теодосиќ, лидерот на Болоњезите, од почетокот на турнирот играше одлично а луд момент имаше во полуфиналето против Динамо Сасари. Баш луд другари.
Најпознатиот „инвајдер“ кој редовно упаѓа на големи натпревари па редари го бркаат по цел терен додека стадионот се забавува, овојпат не можел да игра на пријателски меч против својот сакан клуб. Полицијата му забранила.
Малку е познато силното влијание кое првиот човек на Лацио го има во организацијата на Серија А, во италијанската фудбалска федерација, меѓу политичарите, пратениците и самата Влада. Ваквото лукавство не е од синоќа.
Светското првенство 1994 важи за еден од најлегендарните фудбалски турнири некогаш одиграни во историјата. Некои го паметат на прва по пеналот на Роби, некој по Ицо Стоичков, некој по Хаџи и лудите Романци, а некој по Ромарио и Бебето.
Какво епско полуфинале. Од една страна Клајверт, Бергкамп, Овермарс, Зенден, Давидс, Стам, Де Бур, Ван Бронхорст, а од друга Канаваро, Дел Пјеро, Малдини, Неста, Ѕамброта, Виери, Толдо.
Премиерот Џузепе Конте, министерот за здравство и министерката за внатрешни работи на Италија ќе бидат сослушувани од јавниот обвинител на земјата за начинот на кој владата реагираше и се справи со пандемијата.
Планот е армијата од 60.000 кодоши кои ќе треба да го набљудуваат спроведувањето на мерките за социјално дистанцирање да биде главно составена од невработени.
Откако Борис Џонсон и брегзитерите го поништија внимателно создаваниот мит за перманентноста на ЕУ, еурофилите тврдеа дека Британија е специјален случај, островска нација која никогаш целосно не се посвети на континентот. Многу е подруго кога Италија ќе се сврти против тебе.
Иако светско жариште, иако извор на најтрагичните вести и статистики повеќе од еден месец, Италија им овозможи на деца со аутизам да излезат од дома и да си играат во парк, кој посебно се реорганизираше за нивните потреби.
Гневни што нивните страдања се игнорираат, надополнето со повторно ЕУ финансиско ценкање (повторно посебно од Германија), на Италијанците моментално не им е потребен Салвини за да се чувствуваат предадени од Унијата која до пред неколку недели се колнеше во единство и солидарност.
Во моментов во ЕУ не е можна ниту слобода на движење на луѓе, ниту слобода на движење на производи, а и двете се едни од главните столбови на кои се базира Унијата. Паралелно со ваквата идеолошка трагедија на Унијата, во Шпанија и Италија се одвива и човечка трагедија за која Унијата допрва ќе треба да одговара.
Откако Кориере дела Сера објави статија со фотографија на која се гледа едно дете со дрес на Ѕаниоло од Рома во центарот на Милано, позитивните реакции продолжуваат.
По неколку месеци карантин и комплетна изолација на земјата и сите можни индустрии во неа, народот почна да снемува пари за подмирување на најосновните потреби. Како што снема пари, така се случија серија грабежи на супермаркети, па сега италијанската полиција е распоредена пред нив.
Веднаш по завршувањето на разговорот со очајниот италијански премиер, Путин наредува товарање руска помош на воени авиони и испраќање директно во Италија. Претходно ЕУ имаше неброени шанси да го спречи овој телефонски разговор.
Додека да се постигне посакуваното ниво на карантин во Италија, италијанските власти искинаа нерви со своите граѓани кои сред епидемија решиле дека сакаат да одат на фризер, да прават полуматура, да шетаат кучиња... Меѓу овие со истенчени нерви имаше и голем број градоначалници.