„Најлоши моменти во мојата кариера? Има два“, призна Франческо Тоти во интервју за магазинот Sette во март 2021-ва година. „Кога го шутирав Балотели по нозе и кога го плукнав Поулсен. Тоа е најлошо нешто што можев да го направам. Тоа буквално не бев јас. До ден денес не сфаќам како ми се случи“.
****
Италија го почна Евро 2004 со меч против Данска. Селекторот Џовани Трапатони реши од почеток да ги пушти Франческо Тоти, Алесандро Дел Пјеро и Кристијан Виери. Но моќниот напад на Аѕурите не беше ефикасен и дуелот заврши 0:0.
А веќе следниот ден изби голем скандал. Судијата Мануел Мехуто Гонзалес и неговите помошници не приметиле кога на стартот на вториот дел Тоти го плукнал во лице фудбалерот од среден ред на Данска Кристијан Поулсен.
ТОТИ НЕ ПАМТИ КАКО МУ ДОШЛА ТАКВА ГЛУПОСТ НА ПАМЕТ, НО СЕ СЕТИЛ КОГА ГО ВИДЕЛ ВИДЕОТО
Во својата автобиографија „Капитен“, Тоти подробно го раскажал случајот:
„Што памтам од мечот со Данска? Беше страшна горештина, мислев дека ми горат нозете. Повеќе ништо не памтам. Како да изгубив памет од таква жар па следниот ден кај мене во соба дојде физиотерапевтот Вито Скала и праша дали стварно сум го плукнал Поулсен?
„Ти да не си полудел?“, му одговорив јас. Но по изразот на лицето тој уште сомневаше па го пратив уште подалеку. И додадов дека никого не сум плукнал дека ми се гади од самата помисла на тоа. Јас и воопшто не сум таков, тоа го знаат сите блиски“, се правел невешт Тоти.
„Викаат имало видео“, промрморе Вито, а јас бев сигурен дека не сум плукнал.
„Дај да го видам!“, му реков гласно. Дојдоа шефот на нашата делегација Иноченцо Маѕини, прес-аташето Антонело Валентини и други вработени во Федерацијата, сите со многу скиснати лица. Видеото го објавиле на сајт на данска телевизија. Ставиле и посебна камера која ме следела само мене цел меч. Кликнав на плеј и видов се“.
Плукањето во Поулсен е најсрамна епизода во мојот живот. Не во кариера, во живот. Толку многу се срамев што многу пати се трудев да го извадам од памет. Ако не беше видеото, јас ќе продолжев да одрекувам. И би го правел тоа апсолутно уверен дека зборувам вистина.
Неколку пати го прегледав видеото и немаше сомнеж. Чувството беше такво што сакав да пропаднам во земја. Ми кажаа дека УЕФА отворила истрага дека ќе треба да одам во Лисабон на сослушување пред судиска комисија, дека Федерацијата прави се што е можно казната да биде минимална... Бла, бла, бла, не ни слушав понатаму. Многу ми беше лошо, не можев да поверувам дека сум направил такво нешто одвратно.
Ме фаулирале милион пати. Ако прекршокот не е опасен за повреда, не ни обраќав внимание на нив. Но мене никогаш никој не ме плукнал. Ако такво нешто би се случило во одговор би му скинал глава. Таа мисла ме прогонува. Не можев да поверувам дека сам сум го направил тоа.
Кристијан Поулсен е одвратен лик. Провокатор кој постојано те гони дури и кога топката не е кај тебе. Удира во бок, штипе, во неговиот арсенал ги има сите техники. Ве праќа кај што не треба, се исмева, се потсмева. Ама плукање е многу ниско. Затоа се чувствувам многу лошо дури и по многу години“.
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА РИМ ПИШАЛ ПИСМО ДО УЕФА ДА НЕ ГО КАЗНИ ТОТИ, АДВОКАТ УВЕРУВАЛ ДЕКА ПЛУНКАТА НЕ ГО ДОПРЕЛА ПОУЛСЕН
Интервјуто на Totti за Sette го правел познатиот Валтер Велтрони. Тој има 66 години и е еден од најдобрите новинари во Италија. Од 2001 до 2008-ма беше градоначалник на Рим.
Валтер Велтрони е многу близок до Франческо Тоти па за скандалот со плуканката направил се што може за Тоти да биде минимално казнет. Велтрони пишал писмо до УЕФА, ја осудил постапката на Тоти но пишал и дека такво однесување не е во негов стил и наброил многу хуманитарни акции во кои учествувал капитенот на Рома.
Адвокатот на Фудбалската федерација на Италија Џулија Бонџорно, пак, како еден од најдобрите адвокати во земјата кои успешно го штител Премиерот Џулио Андреоти на времето кој бил обвинет за врски со мафијата (од 2018 до 2019 Бонџорно била министер за администрација на Италија).
„Случајот почна со извинување на Тоти. Он кажа дека му е многу криво што се случило, дека излегол од себе, дека не ги контролирал своите постапки“, пишува La Gazzetta dello Sport.
Адвокатот Џулија Бонџорно зборувала како Франческо е добар човек, чувствителен, социјално активен и одговорен граѓанин.
„Ние не сакаме Тоти да го асоцираат со овие ужасни кадри“, рекла адвокатката.
После тој настап Бонџорно тргнала во напад. Изјавила дека плуканката воопшто не стигнала до Поулсен. Данецот не се бришел и воопшто никако не изреагирал. Плуканка во правец на противникот е очигледно неспортско однесување. Но не ја достигна целта и затоа тоа треба да биде олеснителна околност“, била аргументацијата на адвокатката.
РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА ИТАЛИЈА „МУ ЈА ОЛЕСНИ БОЛКАТА НА ТОТИ“
Исто под сомнеж бил и аголот под кој била поставена данската камера која цел меч го снимала само Тоти. Франческо не дал дозвола за тоа, не ни знаел дека го снимаат. Според одбраната во иднина екипите би можеле подобро да ги снимаат противниците и во текот на 90 минути да најдат епизоди кои не ги приметил судијата па да ги употребат во своја корист.
Тоти беше казнет три меча. Адвокатот за пресудата рекла дека е делумна победа, таа барала само 2 меча казна, но Франческо можел да помине и со четири.
„Многу бев растроен. Практично ја изгубив надежда да играм пак на Европско, освен ако не се вратам за полуфинале“.
Но проблемот „му го олесни“ Италија која не помина групи. Без Тоти селекцијата на Трапатони одигра нерешено со Шведска (1:1, страшен гол на Ибрахимовиќ и гол на Касано), ја победија Бугарија (2:1, голови на Пероти и Касано), но со нерешениот исход од мечот Данска - Шведска (2:2, многумина ден-денес тврдат дека нерешениот резултат бил договорен меѓу двете комшиски репрезентации), Италија заврши трета во група и испадна.
ПОУЛСЕН ИЗЈАВИЛ ДЕКА НЕ МУ Е ЛУТ НА ТОТИ НО НИКОГАШ НЕ СЕ СМИРИЛЕ
Во 2008-ма година Данецот Кристијан Поулсен дојде во Италија. Јувентус го купи од Севиља за скоро 10 милиони евра. Новинарите уште првиот ден го прашале Поулсен за Тоти а тој изјавил дека веќе заборавил на плукањето и дека комотно ќе му пружи рака на Франческо кога ќе се сретнат на терен. Но тоа не се случии.
„Да се пружи рака? Сега лесно е да се збори. Он тогаш можеше да раскаже како ме провоцираше цел меч. Воопшто не сфаќам што ќе му е на Јувентус? Он нема да ја направи екипата посилна“, реагирал Тоти во тој период.
Поулсен за „бјанконерите“ одигра две сезони. Тоти пропушти два од четири меча со Јувентус во тие две сезони а во еден од двата на кој беше на терен, го немаше Поулсен во Јуве. Се сретнаа еднаш, во август 2009-та кога Франческо играше нормално од почеток а Данецот влезе во последните пет минути но Тоти не обрнал внимание на него.
„За среќа веќе никогаш нема да се сретнам со него на терен ниту во Италија. Мислам дека не би издржал, би му стартувал со нозе и би добил црвен картон“, пишува Тоти во својата автобиографија.