Таг: еп 2004

20 години од сребрениот гол на ЕП, вреден финале за Грција

Го воведоа и брзо го укинаа, а Грците го искористија во вистински момент. На 1 јули 2004 ја победија Чешка 1:0 со голот на стоперот Делас од Рома во 6-та минута од првото судиско продолежние од 15 минути. Второто не се одигра, бидејќи Грција го реализираше сребрениот гол и се пласираше во финалето, каде го најправи најголемото изненадување во историјата на ЕП.

Најсрамниот гест во животот на Тоти се случи на Европско 2004

Секој човек има некоја постапка од која се срами кога и да се потсети на тоа. Тоа се епизоди кои не се бришат лесно од сеќавање. Таков настан има и легендарниот Франческо Тоти кој вели дека сакал да пропадне во земја тогаш.

Кога Рикардо одбрани пенал без ракавици па даде гол за полуфинале

Легендарниот португалски голман Рикардо во сега веќе далечната 2004-та година ја однесе својата репрезентација во полуфиналето на Европското на домашен терен, откако одбрани еден пенал без ракавици на себе, а веднаш потоа и даде гол за пласман понатаму.

13 години од најочигледната местенка во историјата на Европските првенства

На 22 јуни 2004 во Португалија, „Аѕурите“ предводени од Трапатони испаднаа уште во група, после очигледно договореното реми меѓу комшиите Шведска и Данска. Полемики се водат до ден-денес, 13 години подоцна.

Скокот на Харистеас, плачот на Роналдо и молкот во Лисабон

Ниту еден фудбалски навивач на планетава сигурно немаше типувано дека 2004-та ќе донесе финалиња како Порто и Монако во Лига на шампиони и Португалија и Грција на Европско. Згора на се Грците два пати го шокираа домаќинот предводен од Фиго, Руи Коста, Деко и Роналдо.