Кога Џентиле буквално го сфатил советот да му дише во врат на Марадона
На Мундијалот 1982 во Шпанија, групата Ц била пеколна: Бразил, Италија, Аргетнина. Во 1. коло Италија со 2-1 ја добива Аргентина на Марадона, Гаљехо, Пасарела и Марио Кемпес. Аѕурите на крај стануваат дури и шампиони а овој меч со гаучосите останал во вечно паметење поради комичниот фластер на стоперот Клаудио Џентиле над Марадона.
Легендарниот италијански селектор Енцо Беарцот му рекол на стоперот Џентиле буквално да не му дава да дише на луцидниот Марадона. Овој тоа слепо го послушал и буквално го прекршил Диего кој во еден момент играл и со скинат дрес: