Врвната реклама со берберот и Паоло Роси, легендата на Италија

Во Бразил фудбалот е на ниво на религија. Навивачите на бразилската репрезентација памтат 3 најболни моменти во животот. Мараканацо, кога Уругвај ги добива после пресврт среде Бразил во финале на Светско првенство, дебаклот 1:7 од Германија и поразот од Италија 3:2 во група на Мундијал 1982 кога Паоло Роси постигнал хет-трик.

Паоло Роси починал во средата. Тој важеше за еден од најдобрите италијански центарфори во историјата. На Италија ѝ го донесе светското злато на Мундијалот 1982 кога станал прв стрелец и добил признание за најдобар играч на Светското првенство. Бразилците уште го паметат од тогаш.

Од Паоло Роси, кој долго време боледувал, се збогуваа многу негови соиграчи и тренери од времето, како и негови пријатели. Џовани Трапатони напиша: „Чао Паоло. Играчите не би требало да заминат пред тренерите“.

10 декември 2020 - 15:38