Рим очекуваше околу 600.000 луѓе да ја дочекаат Нова година на улиците низ градот. Рим не очекуваше 83,5% од полицајците што требало да работат, вечерта да земат боледување.
Хрватите имаа 1:1 против Италија на Сан Сиро и шанси за победа, а нивните навивачи на два пати го прекинуваа квалификацискиот меч со фрлање бакљи на терен. По судирот со италијанската полиција, уапсени се 16 Хрвати.
Клаудија Романи (34) ја заврши манекенската кариера и конкурираше за судијка во фудбалска Италија. Откако ги поминала сите квалификации и тестирања, Романи и официјално добила дозвола да суди дуели од Серија А и Серија Б. Навива за Милан.
Претседателот на Милан изјави дека клубот почнал со нова филозофија според која во составот ќе играат само млади италијански фудбалери. Му смета што Интер го води човек од Индонезија, а не Масимо Морати.
Од средата Италија повеќе не е во рецесија само затоа што ЕУ започна со новото пресметување на БДП-то, во кое од сега влегуваат и нелегалните економски активности како проституција и наркотици.
Во втората од трите вечери на квалификациски фудбал за ЕП 2016, Холандија и Италија потешко од очекувањата славеа против аутсајдерите. Турција поразена на домашен терен од Чешка, убедливи триумфи на Белгија и Норвешка.
Натпреварот од четвртата италијанска лига меѓу Мателика и Термоли го одбележаа (од наша гледна точка) гостинските навивачи, црвено-жолтите „Термолези“, кои во склад со клупските бои често веат и македонско знаме.
Поранешниот голман на Милан од 90 - те, Себастиано Роси повторно има проблеми со законот, откако италијанската полиција открила дека препродавал кокаин.
Во јануари 2012-та, Коста Конкордија заринка во близина на италијанското крајбрежје и две и пол години остана таму. Неделава бродот треба да биде тргнат од таму. Целата операција ќе и донесе на италијанската економија околу 1 милијарда долари.
Го гризна Бане Ивановиќ и доби суспензија од 10 меча. Боксуваше фудбалер на Чиле, а претходно паузираше на осум натпревари поради расистички напад врз Евра. За да излезе од кризата почна да работи со психолог, но на мечот против Италија повторно огладне и не доби црвен картон.
Нокаут фазата на Светското првенство во Бразил освен без Шпанија и Англија ќе биде осиромашена и за светскиот првак од 2006 година, кој по елиминацијата во групната фаза на СП Јужна Африка 2010, со иста судбина се соочи и во Бразил.
Групата Д беше јасно дека ќе ја напушти една голема фудбалска сила, но Коста Рика ги измеша математиките, па вечерва на Англија ќе и се придружи Уругвај или Италија. Шансите ги анализира поранешниот уругвајски напаѓач кој играше во Серија А.
Младичов типувал на Италија и се заколнал дека доколку не ја победат Коста Рика ќе им го изеде постерот. Ветено, сторено. Посебен ритуал имаше за Балотели кој остана без бакнежот од британската кралица кој го побара во случај на победа.
Фудбалерите на Франција се најефикасниот тим во досегашниот дел на Мундијалот во Бразил. По трите голови против Хондурас, составот на Дидие Дешамп ја декласираше Швајцарија со 5:2 за пласман во нокаут фазата.
Со головите на Маркизио и Балотели, Италијанците ја добија мега пресметката против Англија во најтешката група на Мундијалот и направија многу важен исчекор за пласман во следната фаза.
Вчера пишувавме за дрскиот однос на француските репрезентативци кои знаат да им спуштат слушалка и на луѓето од Реал Мадрид. Сега ги имаме Италијанците, а таму да ти имало некој кој не е по модата и друг кој побара да му се направи статуа.
Пред две години беа дел од екипата на Пескара која по дури 20 години ја однесоа во Серија А. Потоа се разделија и направија трансфери како од соништата, а сега селекторот Прандели повторно ги спои и ги стави на списокот на италијанската репрезентација.
Најголемиот хаос изминатово коло се случи на нисколигашки натпревар во Италија помеѓу екипите на Гулијана и Виртус Виола. Први влетаа тројца навивачи кои потоа беа уапсени, а за време на тепачката полицајците беа само гледачи.
Италијанската мода од секогаш била важна па дури и кога треба да се шијат дресовите за фудбалерите на италијанската репрезентација. За следниот Мундијал тие ќе добијат нешто специјално кое ќе ги опушта додека трчаат.
Пред да биде избран за премиер Матео Рензи најави дека ќе ја намали цената на функционирањето на италијанската политика за една милијарда евра годишно. Фаќањето за врат со своите е затоа што моментално италијанските парламентарци имаат 5 пати поголема плата отколку просечниот работник.
Фудбалот не го обединува светот на едно место само за време на светските првенства. Тој може да спои луѓе кои со слични судбини се нашле на едно место од каде потоа заедно се обидуваат да го заборават минатото и да станат важен дел од фудбалската мапа.
3-годишниот Никола Камполонго, заедно со неговиот дедо и кумот, беа застрелани а потоа нивните тела и запалени во автомобил зад една фарма во Калабрија. Италија збесна после веста.