Името на Роси се нашло во групата од 17 лица обвинети за препродавање кокаин на територијата на Червиа, Фаенца, Равена и Бањакавало во периодот од 2009. до 2012. година.
Целата истрага започнала кога во еден хотел на Јадранското море во Италија бил уапсен албански државјанин, осомничен за шверц на дрога.
Освен пиштолот, на осомничениот му е одземен и мобилниот телефон во кои се најдени пораки и повици од Себастиано Роси, кој веќе бил поврзан со групата осомничени.
Роси е и поранешен италијански репрезентативен голман, а по завршувањето на активната кариера неколку пати бил задржуван во полиција поради проблематичното однесување.
Како освојувач на 5 скудета и 1 трофеј во ЛШ со Милан, Себастиано Роси го држи рекордот со 929 минути без примен гол. Роси го бранеше голот на црвено - црните од 1990 до 2002. година.
Во 2007. година откако плати кауција, беше ослободен од обвинувањата за насилничко однесување, затоа што го нападнал командирот на полициската станица во Чезена.
Обвинуван е и за нарушување на јавниот ред и мир и изнудувања и уцени.