Фудбалските моменти од минатото и сегашноста понекогаш се испреплетуваат на многу неочекуван начин. Тоа е случај со Роси и Буфон кои викендов беа топ тема во Италија околу историскиот голмански рекорд кој е урнат по 22 години, а каде во двојна улога се наоѓа Алегри.
Поради суспензијата на Диего Лопез и повредата на Агаци, на клупата за резервни фудбалери на Милан против Чезена ќе седне младиот Џанлуиџи Донарума, роден 40 дена по дебито на Абијати за Милан.
Поранешниот голман на Милан од 90 - те, Себастиано Роси повторно има проблеми со законот, откако италијанската полиција открила дека препродавал кокаин.