Таг: историја

Како една жирафа извршила влијание врз европската мода и уметност

Во 1820 во Франција била донесена првата жирафа, по име Зарафа. И самата не била свесна колкаво влијание ќе изврши не само врз зоолошкиот светоглед на тогашните Европејци, туку и врз нивната уметност, мода и ексцентрични фризури.

Белгиски уметник спасен од товарот на сопствена инсталација

Во еден од оние бесценети моменти кога уметноста го надминува животот, еден преамбициозен „концептуалец“ не успеал да се ослободи со чекан мавајќи го каменот за кој самиот се врзал. Името на неговото дело - „Товар на историјата“. Па не може подобро од ова!

„Чадорологија“ - приказната за најчесто забораваниот предмет

Нова книга е посветена на чадорот како практичен, но и симболички предмет во животот и во литературата. Таков кој денес ќе ви треба.

За што не ни е виновна Византија?

Името на источната римска империја, во форма на придавка, најчесто означува комплициран општествен систем кој функционира преку интриги, корупција и предавства. Тоа е неправедно за една култура која на светот му дала многу повеќе од тоа.

Во чест на заборавањето

„Сеќавање на ова“, „да не се заборави она“... Нашиот вообичаен став кон заборавањето е негативен - се плашиме од секојдневна расеаност, а спомнувањето на Алцхајмер нè ужаснува. Но што ако една пристојна мерка на колективен заборав е нужен предуслов за мирно и толерантно општество, а постојаното потсетување е политички, општествен и морален ризик?

Човекот кого не можеле да го обесат

Џон Бабакомб Ли бил осуден за убиство во 1884 на смртна казна со бесење. А потоа работите тргнале наопаку. По оние кои го осудиле.

Кога животот ти покажува среден прст, врати му со два

Што ли ќе правевме да имавме само четири прста? Ќе се мачевме да смислиме волку едноставен и лесно разбирлив гест, кој често е првиот и единствен одговор на неправдите кои нè опкружуваат.

Mрачното минато на Букеровата награда

Завчера, 17.10, беше доделено овогодинешното Букерово признание, на американскиот писател Џорџ Сондерс, за романот „Линколн во бардо“. Повод за потсетување за она што стои во основата на славата и парите стекнати со оваа награда - наследството на ропството и на белиот супрематизам.

Опасната историја на еден збор од англискиот

„Краен рок“ се употребува за датум или време до кое треба нешто да се заврши. На англиски - deadline - звучи многу позаканувачки. И навистина, историјата на зборот има врска со линија и умирачки.

„Бели луѓе“ е израз од 17 век?

Иако денес тоа ни изгледа очигледно, разликата помеѓу „белите“ и оние другите во расна смисла не постоела отсекогаш. Што е и некако логично знаејќи колку долго тие не доаѓале во допир. Концептот „бели луѓе“ всушност го измислил еден - белец.

Моќта на спомениците

Зошто јавните простори во САД треба да бидат исчистени од водачите на Конфедерацијата, додека во Британија и понатаму би останале исправени статуите на адмиралот Нелсон и Сесил Роудс, прашува уредникот на Њујорк ривју оф букс и професор по демократија, човекови права и новинарство на Бард колеџот, Иан Бурума.

Човекот кој го обиколил светот сосема слеп

Во време кога повеќето од нас за обичен викенд до соседството планираат однапред со месеци, а со подалечните патувања се фалиме на сите ѕвона на социјалните мрежи, еден човек без водич, патничко осигурување и без инстаграм профил го пропатувал светот иако имал тежок хендикеп.

Женско помрачување на сонцето

Денес, 21 август, околу 12 милиони луѓе ќе можат да го посведочат целосното затемнување на сонцето, прво кое ќе се гледа од целиот северно-американски континент, од еден брег до друг, од 1918. Нова книга под наслов „Американска еклипса“ од Дејвид Барон ја раскажува приказната за обидот на една нација да ја фати „сенката на месечината“ и улогата на жените во ваквиот потфат.

Жените кои помогнале во подемот на Кју-клукс кланот

Стереотипно, се смета дека женските политики се секогаш понежни и помалку расистични од машките. Историски податоци за жени на раководни позиции на американскиот ККК кој заговара(л) супериорност на белата раса, антисемитизам, хомофобија и антикомунизам, прикажува една поинаква слика.

Сите проблеми со „Данкирк“

Го фалат (со право) дека визуелно е богат и дека со многу малку дијалог успева да изгради атмосфера. Ама и многу го кудат (пак со право), затоа што е прилично искривена верзија на историјата. Што е битно само ако очекувате од игран филм да биде и документарен.

Уметноста на испуштањето гасови

Жозеф Пујол на почетокот на 20 век бил највисоко платениот изведувач во Мулен Руж. Неговиот талент бил во најмала рака...необичен.

Феноменот на „немртвите“ и човекот кој ја инфицираше поп-културата со него

Вчера, 16.7, на 77 години, почина Џорџ А. Ромеро, режисер на aнтологискиот „Ноќ на живите мртовци“. Но иако повеќето некролози го слават како филмски автор, тој е многу повеќе од тоа - изумител на феномен кој ја инфицираше целата поп култура со идејата за воскреснувањето која, за разлика од онаа христијанската, не носи ништо добро.

Главни промени на фудбалските правила

Во последните неколку децении фудбалските главешини донесоа неколку правила кои ни се пред очи а кои не ги забележуваме многу многу.

Историски пласман во Серија А за Беневенто, има и наш

Две промоции во две сезони, од Серија Ц во Серија Б, и синоќа историски пласман на клубот од Југот во елитната Серија А. Што треба да знаеме за тимот во кој со успех игра и Македонецот Никола Јакимовски.

Каде ни е точно душата?

Пребарувајќи илустрации за овој текст останавме зачудени од скудниот избор на визуелни претстави на „душа“. Те некои апстрактни форми, облаци, пеперутки, маглини. Ако е тешко нешто да визуелизираш, тоа е затоа што е тешко воопшто да го разбереш. А кога е во прашање душата, тоа е тешко веќе илјадници години. 

Цвеклото на Ајнштајн: книга за различните фобии поврзани со храна

Бритни Спирс мрази ролат од мелено месо и секаква „набабрена“ храна. Артуро Тосканини мразел риба. Ен Рајнд се грозела од салати. Оваа книга е истражување на светот на храната, но од страната на аверзиите кон неа.

Лизгава историја на путерот

Од скромно сточарско потекло до кулинарска ѕвезда - вака би можела да гласи една богата историја на путерот. Токму тoa e и насловот на книгата за вистинскиот „шеф“ во кујните на познатите шефови.

„Вештерката Агнеси“ - како погрешен превод довел до необично име на математички концепт

Се работи за крива, која и денес се користи во математика и статистика, а нема врска со никаква вештерка, туку само со погрешен превод.