Италијанскиот фудбал полека излегува од кризата. Да, до рекордни 1,1 милијарди премиерлигашки евра се далеку, но активноста на клубовите и инвестициите од Далекиот Исток носат оптимистични суми.
И додека беше во големите европски клубови како Интер, Јувентус, Фиорентина и Рома, Итало-Аргентинецот Даниел Освалдо не покажуваше посебен интерес да потрча по топката. Последно со него е што го одбил Киево за да свири на гитара во група.
Серија А има далеку помалку моќ од една Премиер лига за трошење пари, но летово тргна по офанзива и се изнатроши пари, барем што се однесува на дел од водечките клубови. Милан си тера по старо и изгледа дека чековите ги чува во Кина за догодина.
Општ заклучок на стручните коментатори на италијанскиот фудбал е дека Јувентус ќе биде прв, а другите да се наредат како им е волја. Но Старата Дама повеќе мисли на Европа и тоа би можело да ги чини дома како што им се случувало во минатото.
Интер имаше 1:1 против Реал Солт Лејк на пријателски дуел во САД, но во 92 минута падна гол кој уште сега може да биде прогласен за најубав за време на летните подготовки. Аплаузи за Стеван Јоветиќ.
Хуан Пабло Карицо се испентари на оградата и му се сипа на навивачот, но еден од редарите го спречи. Голманот на Интер влегол како замена во второто полувреме на пријателскиот меч меѓу Интер и ЦСКА Софија на местото на Хандановиќ и не можел повеќе да ги трпи навредите. Бугарите победија 2:1.
Некогашниот омилен голман на навивачите на Интер, Французинот Себастијан Фреј буквално за неколку минути задоцнил да оди на прославата по повод Денот на падот на Бастилја во Ница и го избегнал терористичкиот напад со камион.
400 постови дневно, од кои еден може да го здрма целиот фудбалски свет. Играчите го прашуваат каде ќе ја продолжат кариерата, раководните луѓе го викаат во канцеларија. Џанлука Ди Марцио - најголемиот инсајдер во фудбалот.
Роден во Далмација, растен на фармата на татко му каде на телевизија го гледал неговиот идол Аљоша Асановиќ, малиот Иван мечтаел да стане како него. Речиси две децении подоцна израсна во идол на новите генерации во Хрватска.
Најавен како спасител, индонезискиот милијардер Ерик Тохир кој дојде пред две години во Интер не остави никаков белег во клубот и сега втора шанса за враќање на старите патеки ќе има друг азиски тајкун кој е таинствен и кој сака да се покаже со дела.
Главна ѕвезда на Словачка без сомнеж е Марек Хамшик, но најперспективен играч од оваа земја е 21-годишниот Ондреј Дуда од Легија Варшава. Дуда го даде единствениот гол за Словаците досега на ЕП.
Сторија за бурниот карактер на репрезентативецот на Австрија Марко Арнаутовиќ, кој во рани зори бегал од полиција, се тепал со соиграч, имал напнат однос со Мурињо, а сега оди да се прослави на Европско првенство.
Фудбалскиот колектив Академија Пандев од Струмица е на радарот на многу италијански клубови, особено по настапите на турнирот во Вијареџо. Кристијан Трапановски e на проба во Интер.
По Дарко Панчев и Илија Најдовски, Горан Пандев на денешен ден во 2010. година стана третиот Македонец кој го кренал најважниот пехар во европскиот клупски фудбал
Зате Вилфред Гнокури од Брегот на Слоновата Коска кој е инаку брат на фудбалерот на Интер Асане Гнокури, се соочува со суспензија која може да му го промени фудбалскиот пат кој допрва треба да го трасира. Роден е 2000-та, настапува за младинскиот тим на Интер и на меч против Аталанта доби црвен картон. Судиската комисија донесе сосема шокантна одлука, а тоа е суспензија од две години со образложение дека го навредувал и му се заканувал на судијата.
Креспо беше еден од ретките кои играле во речиси сите големци на италијанскиот фудбал. Се изнадава голови во дресовите на Парма, Лацио, Интер и Милан и по завршувањето на кариерата реши да го пренесува занаетот на помладите.
5 мај 2002-ра е еден од најужасните датуми за Интер. Масимо Морати стана претседател на клубот во 1995-та и по 7 години трошење пари за врвни засилувања, тој ден се очекуваше да им го донесе првото Скудето во негото време. Во напад го имаше триото Роналдо-Рекоба-Виери кои се загубија на Олимпико и покрај поддршката од цел стадион.
За притисокот врз судиите ги бие лош глас во Италија уште од времето на Ањели и Моџи, па еден огорчен навивач на Интер собирал спорни ситуации од целава сезона со кои нападна навивачка на Јуве која ја слави петтата титула по ред и која се реши за кус одговор. Вака оди тоа по блоговите.
Фантастичниот Уругваец (40) кој беше миленик на Морати и сите Интеристи во четврток ќе се повлече од активното играње фудбал, а на прошталниот меч ќе дојдат многу светски фудбалски легенди меѓу кои и соиграчите од Интер.
Атентаторот кој изврши бомбашки напад во метрото во Мелбек претходно низ Европа патувал со фалсификувани документи на име на фудбалер кој дебитираше кај Манчини во Серија А во 2006-та година.
Феличе Наталино не е среќен бидејќи на 24 години не може да игра фудбал, но пресреќен е што секоја година слави роденден и што се врати во клубот кој му го продолжи животот.