ЕП 2016 Франција

Ондреј Ди Марија од Словачка

Главна ѕвезда на Словачка без сомнеж е Марек Хамшик, но најперспективен играч од оваа земја е 21-годишниот Ондреј Дуда од Легија Варшава. Дуда го даде единствениот гол за Словаците досега на ЕП.

Ондреј Дуда денес ќе го знаеа многу луѓе ако Интер подобро ги распределеше парите и не заглави со финансискиот фер-плеј. Минатото лето на крајот од јуни гласно се зборуваше за негов трансфер во Интер, но не испадна ништо.
Италијанските медиуми споменуваа цифра од 5 милиони евра и пишуваа дека Дуда им откажал на Арсенал, Тотенхем и Саутемптон. „Проблемот беше во финансискиот фер-плеј. УЕФА го казни Интер и не можеа слободно да купуваат играчи. Ги поминав медицинските прегледи но следниот ден ми кажаа дека се предомислиле и дека одбиваат да ја платат сумата од еднаш. Ако го сторат тоа се соочуваат со драстична казна“, раскажа Словакот.
 
Наскоро Дуда зажалил што останал во дресот на варшавска Легија каде дојде од слоачкиот Кошице, затоа што во квалификациите за Лига Европа 2015/2016, Полјаците играа против албанскиот Кукеши. Навивачите на домашниот тим со камен во глава го погодија Дуда и го расекоа, но мечот регуларно беше продолжен.
 

Кога Легија Варшава го купила за 300.000 евра од Кошице, најпрво го играле во нападот, потоа на крило за конечно да заигра на својата природна позиција како класична десетка. На тоа место стана најдобриот играч во полската лига. Навивачите го нарекуваат Ондреј Ди Марија.

Словачкиот фудбалски фриленс-новинар Лукас Враблик, автор на приказот на репрезентацијата на Словачка за The Guardian раскажува дека Дуда игра слично како Озил:

„Ондреј е централен офанзивен играч или плејмејкер. Има одлична техника и совршен долг пас. Негова слабост е играта во одбраната, но мислам дека селекторот му дава слобода во играта во поле. Мислам дека уште не е готов за топ клубовите, но е готов за топ првенствата во Европа.

За развојот на словачкиот Ди Марија заслужен е и рускиот тренер Станислав Черчесов кој до пред некоја недела ја водеше Легија Варшава.

„Ондреј не играше многу со претходниот тренер Хенинг Берг, често поради повреда, често поради тешкиот карактер на Берг. Кога Черчесов дојде во Легија, Дуда одржа два тренинга со екипата, но не беше во форма. По зимскиот преоден рок, Черчесов му ја смени улогата во екипата и Дуда заигра подобро. Прав плејмејкер е", вели Рајан Хабард, автор на блогот специјализиран за полски фудбал Polish Soccer Blog.

 

Дуда е во тефтерите на многу европски скаути претежно од Италија. Тој извонредно напредуваше и веројатно ќе биде главен играч на Словаците до крајот на групната фаза. Веќе даде еден гол во првото коло против Велс. Ондреј дебитирал за репрезентацијата на Словачка минатата пролет. Неодамна, во мај Словаците играа пријателска против Германија. Хамшик даде еврогол на додавање на Дуда кој навлече тројца германски фудбалери.

Дуда е спремен да биде лидер на Легија и веќе покажа голема самодоверба иако има само 21 година. Работел со многу добри играчи кои најдобро ги знаат неговите слабости:

Не е голем и јак, но доста се поправил во воздушните дуели и лизгачките стартови. „Сака да игра на крајот од шеснаесетникот и не се двоуми многу дали да пробие внатре ако има шанса за гол. Во неговиот најдобар меч за Легија Дуда играше полушпиц и лесно ги дриблаше чуварите. Исто е добар и во пасот еден-два", додава Рајан Хабард.

Дуда во првото коло од ЕП против Велс влезе од клупата а неколку минути подоцна го дрибна Ешли Вилијамс и погоди во подалечниот агол.

„Слично играат со Хамшик. Во репрезентацијата на Словачка Дуда има силна конкуренција на неговата позиција, но мислам дека наскоро ќе го достигне нивото на Хамшик и ќе го земе неговото место кога Марек ќе се пензионира од репрезентативните настапи", констатира Лукас Враблик.