Се појавува малку, а уште помалку зборува, но тежи многу. Дури и повеќе од 18 милијарди заработени од бизнис со електроника и електронски апарати за домаќинство кој го започнал со постариот брат во 1990 година.
Жанг Јиндонг е основач на кинеската групацијата Сунинг која откупи 68,55% од акциите на Интер и кој се договори со Морати и Тохир да стане и целосен сопственик на клубот. Поради кинеските цензури, тешко се дознаваат информации за новиот газда на Интер за кој не е познато ниту кога точно е роден.
Повеќе за него можеби ќе се дознае кога ќе се појави на состанокот на акционери во Милано кога неговата групација се очекува да ја покачи понудата и да стане единствен сопственик на Интер. Се знае дека е роден 1963-та во Анхуи.
Табу тема е и неговиот приватен живот, па така дури и во Кина не се знае дали се уште е во брак со тв презентерката Нех Ли или се разведени.
Жанг не зборува англиски јазик, но веќе оставил одличен впечаток кај Масимо Морати и Ерик Тохир, а наскоро повторно ќе замине во Милано заедно со син му. Првата особина која веројатно паднала во очи кај оние кои му го продаваат клубот е тоа што е познат како работохолик.
Има социјалистички пристап на работа и неговите состаноци траат до раните утрински часови. Во Кина имаат голем почит кон тоа што го изградил во животот, а поранешниот премиер Вен Џиабао се надева дека електрониката може да ја претставува во светот рамо до рамо со познатиот американски синџир на продавници.
Ако Сунинг е првата кинеска групација која влегува во земјата на фудбалот која често е дефинирана дека е за старите, тука има една добра вест за младите. Јиндонг е познат по тоа што активно поддржува вработувања на тазе дипломирани студенти.
Во една статија поврзана со него се зборува дека од 2009-та вработил околу 10.000 практиканти во своите фирми и донирал 10 милиони јени (околу 1,35 милиони евра) во кинеска фондација за млади претприемачи и работници.
Во 2001-ва започнал кампања во корист за студентите кои не се познати по добрите оценки, а во 2008-ма донирал 50 милиони јени (7 милиони евра) за жртвите од земјотресот во Венчуан. Вкупниот есап покажува дека Жанг Јиндонг во последниве неколку години само во донации има дадено околу 700 милиони јени (95 милиони евра).
Поддржувач е и на економските и трговските врски со Тајван, па така во ноември 2009 година Сунинг и Асус потпишаа договор за набавка вреден 350 милиони долари.
Кинескиот тајкун целосно е посветен на работата, многу е резервиран и не дава интервјуа. Но не поради јазични бариери, туку поради тоа што преферира да заборува со факти. Оние на кои се надеваат навивачите на Интер дека ќе ги видат на трансфер пазарот веќе од ова лето.