Таг: интер

Добро што правеле гостиве?

Откако одигра без голови со Милан и Аталанта, а меѓу тие два меча загуби од Торино, Интер синоќа го забележа првиот триумф во месец април. Ако некој го гледал мечов нека ни објасни што е работава. Пијани дошле овие од Каљари?

Отиде фудбалот јабана, Интер ќе игра со имиња од Твитер

Како тргнала работава уште малку после ова ќе им даваат да си отвораат Фејсбук и Инстаграм на сред натпевар. Управата на Интер реши фудбалерите на овој клуб вечерва против Каљари да играат со имињата на нивните Твитер профили на дресовите.

Кој е новиот Аргентинец во Интер со клаузула поголема од Икарди

Има само 20 години, умее да шутира и со лева и со десна како Хари Кејн, а Хернан Креспо веќе го споредува со Серхио Агуеро. Во таа пеколна конкуренција на напаѓачи кои ги предводи Меси, ќе има можност да се покаже на пријателските средби против Италија и Шпанија.

Тинејџерот кој со победа на реално шоу стана дел од Интер на Мурињо

Колку треба да имаш среќа во конкуренција на 22.000 деца да победиш на натпревар кој ќе ти обезбеди договор со трикраниот европски првак и тоа токму во најубавите времиња кога играа Ето, Пандев, Милито, Снајдер, Занети.

Пипита постигна два најбрзи гола во историјата на ЛШ

Аргентинецот Игуаин синоќа против Тотенхем даде два гола за само 8 минути и 7 секунди од почетната судиска свирка. Тоа е најбрзиот дубл на еден играч во историјата на Лига на шампиони. Претходниот рекорд го држеше сонародникот на Игуаин, Хулио Круз кој во дресот на Интер во сезоната 2006/2007 година против Спартак Москва дал два гола за 8 минути и 30 секунди.

Како тргнала работава, Мурињо и Конте ќе се степаат наскоро

Гвардиола практично ја освои титулата во Премиер пред Нова година, па останатите тренери се занимаваат со други работи. Клоп гледа како пред негови очи продаваат и купуваат играчи за рекордни суми, Венгер се расправа со судиите, а Конте и Мурињо еден со друг.

Жешкото миланско дерби на кое тешко беше да се биде Дида

Градското дерби меѓу Милан и Интер до толку има тежина, што Гатузо рече дека вечерва ќе биде важно како мундијалско финале. Ќе се потсетиме на едно неодамнешно со скроз неочекуван однос на навивачите на кое тренерот на Милан тогаш беше меѓу играчите и им рече дека се луди.

Знаете ли кога Милан го победил Интер со гол на Икарди?

На 23 јуни 1985 година во полуфиналето на Копа Италија еден друг Икарди, помалку познат од овој денес, го решил големото градско дерби. Играл во не баш сјајна ера на Милан а со неговото заминување почнала големата берба на трофеи.

Најјаките спрдњи за мечот Интер - Порденоне

Третолигашот кој по 120 минути фудбал му извади 0:0 на Интер во Купот и кој има стадион од 3.000 седишта, а допатува во Милано со 4.000 навивачи е хит број 1 денеска во Италија. Замислете нивниот шпиц има играно во ЛШ, за разлика од еден Икарди.

Интер се радуваше против клуб кој доаѓа од место колку Кисела Вода

Прво што ќе направиш кога ќе го видиш парот од Купот на Италија меѓу Интер и Порденоне е да го рипнеш бидејќи не се исплати да ризикуваш за кец од 1.13. Епа дечките извадија нерешено, коефициент 7.40, a Спалети во второ во игра ги внесе Брожовиќ, Перишиќ и Икарди.

Паролата на тифозите на Порденоне против Интер

Порденоне е третолигаш кој синоќа ја воодушеви јавноста со одлична игра против Интер во Купот на Италија. Лидерот во Серија А едвај се спаси на пенали и се пласираше во четвртфиналето каде ќе го чека победникот од дуелот Милан - Верона (вечерва). Момент на мечот беше гостинската парола.

„Интер белс“ наместо „Џингл белс“ во изведба на играчите

Под диригентската палка на Лучано Спалети, хорот на Интер предводен од Икарди, Перишиќ, Кандрева, Нагатомо, Занети и останатите во пред божиќна атмосфера звучи вака:

Навивачите на Спарта Прага необично го бркаат тренерот

Андреа Страмачони важи за еден од ретките тренери кој има среќа да го ангажираат големи клубови а човекот резултати немал никогаш-никаде. Беше тренер на Интер, не направи ништо. Го водеше Удинезе, пак ништо. Отиде во Грција, го избркаа од Панатинаикос. Сега на ред е Спарта Прага која што ја уназади.

Немаат крај мајтапите за Беневенто - Милан

Еден од нив вели вака: Голманот на Беневенто, Алберто Брињоли има постигнато повеќе голови од напаѓачот на Милан, Андре Силва кој го купија за 38 милиони евра.

Бројките кои го објаснуваат приматот на Интер

Откако Наполи загуби од Јуве, Интер остана единствената екипа без пораз во Серија А. Икарди руши рекорди и влезе во друштво на легендарниот Меаца. Тимот на Спалети е неприкосновен, а вистинскиот тест за тоа дали е зрел за Скудето ќе треба да го положи со Јуве следниот викенд.

Интер убедливо најгледан после 11 кола

По 11 кола во Серија А, Интер е екипата која донела најмногу гледачи на стадионите: во просек по 58.360 гледачи, пред Милан и Наполи.

Рекорден старт на Интер подобар и од времето со Мурињо

Ако треба да се оценува, Интер е за 10-ка, изјави Лучано Спалети. И во право е бидејќи за разлика од ланската сезона во истиот период тимот има дури 15 бода повеќе, а тоа е скок од 14-то на 2-ро место.

Интер ли е Барса ли е?

Миланскиот клуб после долго време е прв на табелата а најголеми заслуги за тоа има тренерот Лучано Спалети кој конечно ги намести сите коцки кај „Нераѕурите“. Синоќа ја победија Сампдорија 3:2, а вториот гол на Мауро Икарди беше после акција ала-Барселона.

Како се оди на градско дерби во Италија

Градските дербија во Италија, без разлика дали се играат во прва, втора или трета лига, имаат посебен драж. Тоа е натпревар за кој се живее цела сезона, а битката на навивачите се води и во тоа кој ќе направи поубава кореографија. Кортеото на Миланистите звучи и изгледа моќно.

Кордоба: Интер беше ограбен во 2002-ра

Последното коло од сезоната 2001/2002 во Серија А е незаборавно за навивачите на Јувентус и Интер. Првиве речиси и да не веруваа во сценариото кое ги остави вториве во солзи и неверување дека можно е таков тим на Интер да направи кикс.

Рефлекс на Хандановиќ за медал

Да му ставиш на Самир Хандановиќ епитет голманиште не е премногу. Словенецот често се фрла како пантер и спасува чисти голови, како што беше денес на Кротоне - Интер 0:2. Па не може секој вака да реагира од два метри. 

Е мој Франк Де Бур

По само неколку недели беше избркан од Интер а сега го сруши и негативниот рекорд по кусиот престој во англиската Премиер лига. Два тешки пада за човекот кој во Ајакс практикуваше тотален фудбал од неговите претходници Кројф и Михелс.

Дискретниот херој Естебан Камбијасо ја заврши кариерата

Во ера кога секој месец вртоглаво растат милионите на трансфер-пазарот, еден играч играше за големите европски клубови кои не мораа да дадат ниту една банка за неговиот потпис туку доаѓаше без обештетување. Ќе остане запаметен по прекарот Сенатор и трофејот во ЛШ со Интер.