Имаме скопска љубов со миланско градско ривалство. Фани е за Милан, Марија за Интер, а една од првите тестови за тоа дали вистински се сакаат ќе биде толеранцијата кон плакарот, кој ќе држи дресови од две екипи кои воопшто не се сакаат.
Матичарот нека се спреми со едно дополнително прашање: Ќе се сакате ли и после било каков резултат на миланското дерби закажано една недела по свадбата?
Среќен брак и нерешен резултат за мирно свадбарско патување.