Интер се радуваше против клуб кој доаѓа од место колку Кисела Вода

Прво што ќе направиш кога ќе го видиш парот од Купот на Италија меѓу Интер и Порденоне е да го рипнеш бидејќи не се исплати да ризикуваш за кец од 1.13. Епа дечките извадија нерешено, коефициент 7.40, a Спалети во второ во игра ги внесе Брожовиќ, Перишиќ и Икарди.

Лидерот на табела во Серија А и единствена екипа без пораз, одигра 0:0 и го победи на пенали клубчето за кое прв пат слушаме. Се вика Порденоне и се наоѓа на петтата позиција во третата лига позната како Серија Ц.
 
Да ви кажува некој нема да верувате. И тоа едвај на пенали со 5:4, бидејќи голманот им одбрани два по ред, прво на Шкриниар, а потоа и на Гаљардини и го остави во игра својот тим за пласман во четвртфинале, каде ќе се сретнеше со подобриот од дуелот меѓу Милан и Верона.
 
Порденоне до толку оставил срце на терен, што дури и Лучано Спалети признава дека заслужиле да одат понатаму.

„Бевме конфузни бидејќи се обидовме сами да го решиме мечот, а не со игра. Веројатно на крај Порденоне заслужи да се пласира и сите честитки одат на нивна страна“.
Знаете ли кој е најголемиот куриозитет од овој меч? Порденоне синоќа на Џузепе Меаца имаше поддршка од 4.000 свои навивачи кои го запоседнаа Милано со автобуси и коли, а нивниот стадион собира 3.000. Тоа значи дека на овој осминафинален меч од Купот на Италија ја имале најголемата поддршка во својата историја.

Кога во претходната фаза го елиминираа прволигашот Каљари, нивниот тренер Леонаордо Колучи пред мечот изјави:
„Моите играчи ги познаваат играчите на Каљари подобро од мене, бидејќи ги бираат на плејстејшн“.
Споредби меѓу Интер и Порденоне е смешно да се прават. Интер има 18 титули, а Порденоне 2, ама во Серија Д. До сега имале две најголеми шанси да влезат во втора лига, ама и двете ги загубиле во плејоф, со Пиза и Парма.

Клубот има годишен буџет од 1,38 милиони евра и еден играч во просек заработува по 60.000 евра годишно или 5.000 месечно.
 
Клубот стана сензација во Италија што успеа да елиминира еден прволигаш, а на другиот кој се бори за Скудето му нанесе маки 120 минути и за малку ќе го срушеше на пенали.
 
Го има на насловните страници на весниците кои даваат гратис постер од нив.

Претседателот, тренерот и играчите ветија дека ако го минат Интер, пешки ќе си одат дома, а тоа се 350 километри.
 
Пенал серијата

13 декември 2017 - 11:36