Најјаките спрдњи за мечот Интер - Порденоне

Третолигашот кој по 120 минути фудбал му извади 0:0 на Интер во Купот и кој има стадион од 3.000 седишта, а допатува во Милано со 4.000 навивачи е хит број 1 денеска во Италија. Замислете нивниот шпиц има играно во ЛШ, за разлика од еден Икарди.

Порденоне, чии играчи земаат месечна плата од 5.000 евра, растурија на Твитер со комични твитови и слики, а колку овој клуб нема комплекси покажува тоа што самите си прават споредби меѓу нив и лидерот во Серија А на кој му одиграа херојски меч. 

Наброија пет работи кои му успеале на нивниот напаѓач Емануеле Беретони, а му фалат на Мауро Икарди. Четири од нив се повеќе како мајтап, а една е за неверување и што е најинтересно, вистина е.

Ќе почнеме со мајтапите: Беретони за разлика од Икарди има гол во финале на Интертото Куп, настапи во Куп оваа сезона, давал по два гола на натпревар во Серија Ц и има дупли букви во презимето (Berrettoni). Сè е ова точно.

Она што звучо неверојатно е дека има настап во Лига на шампиони, а Икарди уште го чека тоа. 36 годишниот напаѓач на Порденоне како млад настапувал во Серија А за Перуџа за кој го дал тој гол во Интертото Куп против Штутгарт, а кариерата ја почнал во Лацио за кој има само еден настап. Тоа е токму во групната фаза од ЛШ против Спарта Прага на 7 ноември 2000-та.

Вака најавија дека ќе играат во одбрана.

Што ќе се случеше ако победеа.

Вторник - Лига на шампиони

Ждрепката за Лига на шампиони.

Последната слика на Порденоне

Кога мораше да влезе Икарди.

Се игра Интер - Порто.

И како за крај го оставивме најјакото.

Ако игравме против Шведска со играчите на Порденоне, ќе се квалификувавме на Светско.

13 декември 2017 - 14:50