Таг: интер

Колкави плати земаат тренерите во Италија

Не е дека се близу абнормалните суми од англиската Премиер лига, ама па не е и дека слабо земаат. На пример, тренерот на Јувентус Масимилијано Алегри има плата од 7 милиони евра годишно што е астрономска сума во однос на она што го заработуваат тренерите  на тимовите од долниот дел на табелата.

Фудбалери проверете да не ве бара Интер

Во период од 3 месеци ова лето Интер бил поврзуван со 175 играчи, пазете 175 со кои може да се состават седум екипи. Тие со болд се нивни играчи, а другиве веројатно служеле колку за полнење новини и борба за повеќе кликови. Некои медиуми едноставно знаат да зајдат со шпекулации за трансфери. Кај нас на пример не многу одамна се пишуваше дека Вардар го бара Аршавин што излезе дека везе нема муабетот.

Приказната за најекстремните навивачи на Интер кои исчезнаа за 3 години

Веста за нивното прво појавување на насловните страни била дека го демолирале центарот на градот Комо, а учесници се на една од најозагласаните тепачки во историјата на ултрас сцената во Италија по која пола од нив не смееле да стапнат на стадион. Па сега видете вие.

Кога Ериберто од Киево лажеше за пасошот

По неверојатното првенство со Киево на Џиџи Делнери, бразилското десно крило потпиша богат договор со Лацио во летото 2002 но трансферот пропадна откако му го откриле правиот идентитет.

Старт на големите екипи од Серија А кој не се случил 32 години

За да се пронајдат пет победи на петте големи екипи од италијанското првенство во прво коло, треба да се копа во историјата се до сезоната 1985/1986. Но ако тоа е знак дека може да се повтори и конечниот изглед на табелата, тогаш пак ќе се радуваат само Јувентините.

Кога навивач на Јуве шета по плажа во Италија

Секој некој што навива за Интер, Рома, Наполи, Милан, Фиорентина или Лацио гласно зборува за теоријата околу судиската помош за шампионот Јувентус. Дали се во право или само се фрустрираат што не можат да го победат Јувентус оставаме на нив, ама еве што се случува со навивач на Јуве кога оди со дрес по плажа. Rigore на италијански е пенал.

Гркот од Интер кого носталгијата го чинеше илјадници марки

Дебитираше во 1999-та година во Интер кај Марчело Липи и набрзо стана еден од подобрите леви бекови кои играле на „Џузепе Меаца“ со голови, асистенции и бразилски дриблинзи.

Звукот на пречката по бомбата на Адриано

Во септември 2004-та Интер го пречека Палермо на “Џузепе Меаца“ и дуелот заврши 1-1, но ќе се памети по звукот на неверојатниот шут на Адриано кој заврши во пречката.

Најдобриот ромски фудбалер кој го пропатува светот

Никогаш не беше меѓу најголемите, но неговата техника и головите не беа ништо помалку спектакуларни од оние на Роналдињо во времето на Барса. Кариерата ја минува во сенка на четирикратниот добитник на „Златна Топка“.

Скаути со големи тефтери доаѓаат на Европско

Покрај стандардните акредитации за новинари, барања до УЕФА за присуство на големите настани бараат и ловците на таленти кои во Полска ќе се појават во рекорден број. Од Арсенал, Сити, Барса и Лестер, до Галатасарај и Дортмунд, сите праќаат свои луѓе.

Што се случи со навивачот кој фрли Скутер на Џузепе Меаца

Уште кога Градски ја имаше само Јужна, една од главните заебанции на досаден меч беше да направиш авионче од весник и додека да слета да реагираш како Шаќири да изведува корнер. Во Серија А имаше еден многу поразличен и тежок случај во кој некој можеше да настрада.

Офсајд лик: Габигол

Да заиграш во Серија А на 20 години, да те платат 30 милиони и на крај да речеш дека ти треба добар одмор, а си дремел цела сезона на клупа треба стварно да си многу свилен. Ајде дете во нашата омилена рубрика.

Титулата оди кај навивачите на Интер

И покрај тоа што имаа никаква сезона, рекордни 8 меча без победа и освојување на седмо место кое не носи Европа, нека им кажат едно големо благодарам на своите навивачите кои покажаа што значи верност и во добро и во зло.

Човек финале - 14 меча за пехар, 12 победи

Дефинитивно, или го обожувате или не го поднесувате. Без оглед на сè, Мурињо синоќа дури 12-ти пат во кариерата победи во едно финале и стана првиот во историјата што два пати освоил и Лига на шампиони и Лига Европа.

Џампаоло Пацини ја врати Верона во Серија А

Талентот кој го поседуваше во легендарната генерација на Аталанта, Пацини подоцна во кариерата го демонстрираше во повеќе италијански клубови. Раатот го најде во Верона на која што ѝ донесе експресно враќање во најдобрата лига и стана идол на тифозите.

Денот кога Милан 6 пати го расплака Интер

11 мај 2001-ва е дефинитивно датум на навивачите на Милан кои доживотно ќе ги реметат градските ривали за дебаклот кој ретко се гледа во градско дерби. На семафорот стоеше 0:6, болно за Интеристите. Во канонадата од голови учествуваа по два пати Командини и Шевченко и по еднаш Џунти и Сержињо. Неповторливо.

Бегаат ли Интер и Милан од Лига Европа?

Фудбалерите на Милан веќе месец дена немаат победа во Серија А, Интер скоро два, а заедничко за двете екипи е што имаат газди од Кина. Можно ли е овие тајкуни намерно да го избегнуваат второто по ранг клупско европско натпреварување за свои бизнис интереси?

Како голманот на Џенова му го одбрани пеналот на Интер

Многу славни фудбалски имиња не успеаа да го совладаат Еуџенио Ламана, кој викендов откри како му ја фатил на Кандрева, момент кој го уловија и камерите.

Интересни податоци за Горан Пандев

Епилогот после голот на Пандев против Интер е за руски роман: Горан беше еден од хероите на триплетата во 2010-та, а синоќа ја продолжи серијата на Интер од пет порази на шест меча. На крајот му се заблагодари на поранешниот клуб и навивачи.

После Лацио, Пандев го начна и Интер

Капитенот на македонската репрезентација докажа дека игра во одлична форма особено пред квалификацискиот дуел со Шпанија во јуни. Струмичанецот попладнево влезе во игра во 17’ минута место повредениот Симеоне, а во 70’ минута убаво начека една топка и од прва го матираше Словенецот Хандановиќ за трет гол сезонава.

15 години од солзите на Роналдо кој остана без Скудето во кариерата

Секој 5 мај им доаѓа како мелем на душата на навивачите на Јувентус, а истовремено им прави гнев на навивачите на Интер кои никако не можеа да го апсорбираат ужасот кој им се случи во последното коло од сезоната во Серија А.

Дејан vs Ноер, волеј кој не се повторува

Поминаа 6 години, а како вчера да беше еден од најлудите голови видени во Лигата на шампионите кој падна на мечот меѓу Интер и Шалке. Ваков гол еднаш се дава и еднаш се прима, а тоа го знаат и Станковиќ и Ноер.

Интересна ангегдота за трансферот на Ето во Интер

Една од најпознатите трампи меѓу напаѓачи од светска класа беше онаа која ја направија Интер и Барселона пред 8 години, која многу поскапа излезе за Каталонците. Зад таа зделка се крие и една куса приказна која лично ја раскажува Ето.

Диего Ел Чоло Симеоне каков што не сте го знаеле

Каде и да играл или да бил тренер, викал, пцуел, урлал, но никој никогаш не му замерувал затоа што тоа го правел како мотивирачки лидер кој способностите ги наследил од баба му од која најмногу се плашел. Ова е сторијата за најдобриот аргентински тренер.