Секој 5 мај им доаѓа како мелем на душата на навивачите на Јувентус, а истовремено им прави гнев на навивачите на Интер кои никако не можеа да го апсорбираат ужасот кој им се случи во последното коло од сезоната во Серија А.
Поминаа 6 години, а како вчера да беше еден од најлудите голови видени во Лигата на шампионите кој падна на мечот меѓу Интер и Шалке. Ваков гол еднаш се дава и еднаш се прима, а тоа го знаат и Станковиќ и Ноер.
Една од најпознатите трампи меѓу напаѓачи од светска класа беше онаа која ја направија Интер и Барселона пред 8 години, која многу поскапа излезе за Каталонците. Зад таа зделка се крие и една куса приказна која лично ја раскажува Ето.
Каде и да играл или да бил тренер, викал, пцуел, урлал, но никој никогаш не му замерувал затоа што тоа го правел како мотивирачки лидер кој способностите ги наследил од баба му од која најмногу се плашел. Ова е сторијата за најдобриот аргентински тренер.
Пеналите во корист на Јувентус во она старо време на газда Ањели и Моџи секогаш беа жешка тема за дебатирање во најубавите денови на Серија А. Еден незаборавен и контроверзен натпревар се одигра на денешен ден пред точно 19 години. Роналдо не доби пенал за разлика од Дел Пјеро, а Морати го напушти порано Деле Алпи.
Сцена за театарска претстава: Во маалски кафич градското дерби Интер - Милан го гледа и старо и младо. Кога Колумбиецот погоди за 2-2 се чекаше неколку секунди да се види дали е гол. А тие секунди за нив значат цела вечност.
Април 2010-та во Серија А беше месецот во кој се надзираше историската тројна круна на Интер. Беа домаќини на Јуве кој таа сезона заврши седми на табела и на 15 минути до крај бекот на Нероаѕурите кој беше како воз по десна страна, приреди шоу на Меаца.
Еден од најопасните бекови на сите времиња денеска на тортата ќе треба да закачи две четворки. Тој што го имаше во тим имаше одличен дефанзивец играч кој истовремено поседуваше страшна брзина, дриблинг и топовски удар од сите позиции. Рој Хоџсон имал други планови со него или поточно скроз го зезна Интер.
Фудбалерите на Интер направија голем кикс на домашен терен и загубија од Сампдорија 1:2. Грешките дефинитивно треба да си ги бараат во своите редови бидејќи направија два глупави потези клучни за пораз кои ги оддалечува од Европа.
Свежите странски пари колку можат да бидат добри, толку можат да бидат и лоши. Во случајот со екипите од Милано за сега нема ништо добро, туку само една необична смена на термин на кој нема навивач кој не би се побунил.
Сезоната 2009/2010 е историска и незаборавна за секој навивач на Интер. Таа сезона едноставно за нив беше мелем на душа, бидејќи имаа класа играч на секоја позиција и го имаа Мурињо, човекот на кој вечно ќе му бидат благодарни за тројната круна. Пеколното искуство во Барселона го раскажува капитенот.
Ибра со два убави гола му го донесе на Јунајтед првиот трофеј сезонава а себе си го подари 32. трофеј во кариерата. Англија е шеста земја во неговата кариера, а во пет освојувал титули.
Италијанскиот Скај Спорт се навраќа на оние играчи кој од овие или оние причини, дошле како метеори но мистериозно не успеале во Серија А. Први во редот се Панчев, Роби Кин и Египѓанецот Мидо, а на листата е и некогашниот страшен талент од Струмица.
Хектор Раул Купер е познат аргентински тренер кој во кариерата (тренерска) изгуби шест финалиња а во онаа играчката изгубил четири финалиња. Нема поголем малер меѓу тренерите.
За ваков тикет човек или треба да има многу пари на кои не знае што да им прави или да е богат коцкар во душа на кој веќе му се здосадило да оди во казино, па свртел на фудбал. А можеби се работи за нешто трето.
Во големото богатство на најелитните лиги во европскиот фудбал се кријат голем број на погрешни инвестиции за играчи кои се брзо заборавени. Има клубови кои се лузери за успеси во однос на тоа што го трошат. Најдобар пример е Атлетико Мадрид, лош пример двете екипи од Милано.
Полека но сигурно кинескиот капитал ја преплавува Европа. Кинези стануваат газди на француски, англиски, италијански и шпански фудбалски клубови, а „опипуваат“ терен и за влез во НБА, НХЛ, МЛС во САД.
Историска сезона на Интер се смета 2009/2010 кога освоија Скудето, Куп на Италија и Лига на шампиони или на италијански позната како Tripleta. Една доста занимлива претпоставка за тоа како им изгледал еден ден. Го има и нашиот кој не ја носел колата на перење, а требал да го вози Мурињо.
На 17 години Стеван стана капитен на Партизан а на 20 им даваше голови на Ливерпул и Баерн во Лигата на шампионите. Во Англија го мачеа повреди, кам-бекот во Италија му го обележаа повреди, а сега на два меча во Севиља покажа повеќе од трите претходни сезони.
За Јонут Андреи Раду тешко дека сте чуле. Се работи за 19 годишен Романец кој е дел од Интер од 2015-та, а има само еден настап. Еве што прави во слободно време кое изгледа го има на претек.
Во фудбалот постои термин „Пирловски“ топки па така кога некој играч ќе даде долг прецизен пас коментаторите брзо го споменуваат докторот. Еве ги сите негови голови од слободен удар додека играше во италијанската лига.
Франк де Бур освои 4 титули по ред со Ајакс во рок од 6 сезони, но кога дојде во Интер го удави клубот во долниот дел од табелата. Неговиот наследник Стефано Пиоли не е некое славно тренерско име ама...
Колумбискиот стопер Џејсон Муриљо вечерва против Болоња во Купот на Италија го постигна најубавиот гол на сезоната. ФИФА веќе може да му ја додели наградата „Пушкаш“ за оваа сезона.