Никогаш испаднати во Серија Б

Интер слави 109 години постоење

На денот на својот 109-ти роденден Интер прима честитки од поранешни и сегашни фудбалери, од градоначалникот на Милано и од синот на газдата.

„Во 109 годишната историја Интер е единствената италијанска екипа која што освоила Триплета (тројна круна) и никогаш не испаднала. Преку еден век нашите вредности - Обединетост, интегритет и страст не прават препознатливи во целиот свет. Не е важно само да се победи, туку како ќе се победи“, пишува во честитката на Интер со која се „пецнува“ и Јувентус после последните полемики.

Како настанал Интер:

Големо внимание предизвика и честитката на Стивен Жанг: „Среќен роденден. Те сакам Интер“, напишал Жанг помладиот во пост на фотографија на Инстаграм.

Интернационале е горд и што од основањето до денес низ клубот играле играчи од 47 различни земји и имаат навивачи од целиот свет. Честитки праќаа од Роналдо и Матераци, до Клинсман, Сантон и Гуарин, многу поранешни и сегашни играчи.

„Градоначалник сум на сите граѓани, но со срцето не може да се раководи“