Со победничкиот гол на Горан Пандев во 70-та минута, Џенова направи серија од четири последователни победи против Интер на домашен терен во Серија А, што е прво вакво остварување меѓу овие две екипи.
На 3 минути пред крајот гостите имаа шанса да израмнат преку пенал, но Ламана го прочита ударот на Антонио Кандрева и ја откри тајната како го одбранил пеналот.
„Каталди ми даде знак за да се фрлам на десна страна и ми помогна исто како Пандев“, изјави голманот на Џенова кој вели дека не е воопшто лесно да се одбрани пенал.
„Пеналџиите ги анализираме и се спремаме за нив како што се спремаме за друго. Проблемот е што гледаш еден играч кој шутира на иста страна седум пати и токму против тебе шутира на другата страна“.
Данило Каталди веројатно добро ги памети навиките на Кандрева од времето кога играа заедно во Лацио и со тоа му помогна на својот колега да стигне до одлични четири одбранети пенали од вкупно шест кои ги бранел до сега во Серија А.
Ламана успеа да ги одбрани ударите од белата точка и на фудбалери како Љаиќ, Тевез, Ѕаѕа, Биља и Фелипе Андерсон, а Интер со овој меч влезе во лоша серија од седум средби по ред без победа што им се нема случено 5 години.
Моментот на кој не се гледа Пандев, туку само Каталди како му сугерира на Ламана.