Таг: хилари клинтон

Вечерта на Хилари на која многумина пожалија што не можат да гласаат за Мишел

Сандерс едвај ги смири гневните фанови, Мишел Обама одржа говор за во учебници по ораторство, исвиркана беше и Елизабет Ворен. Настапи Пол Сајмон (инаку фан на Берни), чија изведба на Bridge Over Troubled Water беше доста неубедлива па твитерџии искоментираа дека "Русите и него го хакнале". Епилог: Хилари е кандидатот на Демократите кој ќе треба да смисли начин како да го сопре Трамп.

Трамп издиша со реклами

Човекот кој успеа да го преживее баражот од негативни реклами (и речиси неспоредливо многу критики) за да стигне до републиканската номинација, пред почетокот на битката со Хилари изгледа многу кутро во однос на капацитетите за купување простор за реклами.

Сликата од која почнаа проблемите на Хилари

Иконската фотографија од Хилари Клинтон од 2011 како го користи својот Блекбери додека е на воен авион инспирира еден службеник во американската администрација да провери дали Клинтон го користи својата @state.gov меил адреса. По ова започнува меил скандалот на Хилари.

Во машинеријата на Клинтон за платени говори

И покрај целиот лош публицитет и штетата што и ја прави на кампањата, Бил и Хилари Клинтон одбиваат да ги објават транскриптите од нивните платени говори, или барем да одговорат што добиваш кога ќе ги платиш за да ти држат говор.

Македонија во мејловите на Хилари

Стејт Департманот објави во јавност 5 комплети со мејлови на Хилари Клинтон од времето кога беше државен секретар на САД (2009-2013). Чат-пат и Македонија се спомнува меѓу нив.

(Донт) Кил Кисинџер

Хилари Клинтон е почастена што има поддршка од некогашниот државен секретар Хенри Кисинџер. Берни Сандерс  е горд што Кисинџер НЕ му е пријател. Тоа е таа разлика меѓу нив двајца.

Круз го победи Трамп, Хилари и Берни нерешено

Доналд Трамп го попуши од Тед Круз. Кај демократите испадна толку нерешено меѓу Берни и Хилари што буквално фрлале петка - глава. Зошто ова не му текна на Хан како решение за предизборни пат позиции?

Околу 200-те илјади долари на час што Голдман и ги плаќа на Хилари

Спорот околу тоа што инвестициската банка и плаќа на демократската кандидатка 200.000 долари на час за да зборува пред нивните директори и инвеститори, е што едно од главните ветувања на Хилари е дека таа е човекот што ќе го заузда Вол Стрит.

Предизборни лекции по политичка култура

На последната дебата меѓу демократите, Берни Сандерс доби прилика каква што овдешен политичар во предизборие би ја зграбил со две раце и не би ја пуштал: шанса пред десетици милиони гледачи да ги коментира сексуалните скандали во семејството на неговиот политички противник. Но, Берни е поинаков.

Бајден де факто го поддржа Сандерс

Од комплетен лузер, берни Сандерс дотурка до тоа да добие неочекувана а многу важна поддршка од Џо Бајден. Да, тој Бајден.

Америка заслужува подобро отколку Клинтон вс. Буш

2016-та изгледа како да ќе биде реваншот меѓу Буш и Клинтон. Меѓутоа партиските избори за претседателски кандидат се полни од лути алтернативи кои претставуваат различни идеолошки одговори на ист проблем - уништувањето на американските идеали.

Книга-бомба за Хилари

Додека ние сетилно сме ориентирани кон слушање „бомби“, Американците деновиве ќе имаат потешка задача - да прочитаат книга, ако сакаат да ги дознаат наводните валкани зделки со кои се занимавала кандидатката за претседател на демократите. Не знаеме дали таа содржи транскрипти од монтирани и креирани телефонски разговори, ама па затоа има километарски наслов.

На Клинтон устата му се позлати

Хилари неодамна се пожали дека со нејзиниот маж едвај крпеле крај со крај откако излегле од Белата Куќа. Па мора да се снаоѓаат некако држејќи предавања. Како изгледа есапот од тезгите на Бил Клинтон?

Студентскиот арач на Хилари Клинтон

Хилари Клинтон решила да им помогне на студентите од Лас Вегас да добијат донации за нивниот Универзитет така што ќе одржи говор на гала вечерата на која ќе се собираат парите. И тоа ќе го наплати 225.000 долари.

Нормално дека Клинтонови никогаш не биле банкрот

За време на интервју за ЕјБиСи, Хилари Клинтон добива прашање околу 5-те милиони долари што ги има заработено од држење говори. Во крајно профи манир, таа го избегнува директниот одговор и почнува да збори за тоа како по заминувањето од Белата куќа тие банкротирале. Не баш.

Хилари Клинтон за абортусот

Републиканскиот конгресмен веројатно си помислил: "Сега ќе ја напнам за дефиниции, таму се тенки". Наравоучение: На Хилари Клинтон не и се поставува прашање ако не си спремен да го поднесеш нејзиниот одговор.

Извинувањето на Хилари од 100 милиони долари месечно

Хилари Клинтон им заштеди по 100 милиони долари месечно на САД и сојузниците, со еден единствен збор: извини.

Куфер дипломатија

Четири години откако на блиските им кажа дека "ниту во милион години" не планира да стане Државен Секретар, Хилари Клинтон постави рекорд за најшетан секретар во историјата.

Пораки од Хилари

Главната улога во најновото интернет меме, ја има најмоќната жена во американската администрација (по функција, не по брак), Хилари Клинтон.