Според документот за имотна состојба од 2000-та, што Хилари Клинтон мора да го пополни како член на Сенатот (во кој се внесуваат приближни суми од - до), Клинтонови имаат имот од 1,8 милиони долари, а долгови од 2,3 милиони долари. Се на се во минус се 500.000 долари.
Во сумата што ја пријавува Хилари не се вклучени (затоа законот не го бара тоа) домовите кои се за лична употреба. Вакви има два. Во 1999-та, тие купуваат куќа со 5 соби, за 1,7 милиони долари. А во декември 2000-та, веднаш по излегувањето од Белата Куќа, тие купуваат куќа со 7 соби во Вашингтон ДЦ, за 2,85 милиони долари.
Фактот дека не се банкрот го потврдува и одлуката на СитиБанк да им дадат заем во 2000-та во износ од 2 милиони долари за да ја купат куќата во Вашингтон, нешто што е не изводливо за луѓе во регуларен банкрот.
Инаку веќе во февруари 2001-ва (3 месеци по напуштањето на Белата куќа), Бил Клинтон веќе почнува за своите говори да наплаќа од 125 илјади долари па нагоре. Истата година, издавачката куќа Simon and Schuster и исплаќа на Хилари 2,84 милиони долари како процент од продажба.