Во текстот (крајно про-Сандерс) се прашува што очекуваат од Хилари, Вол Стрит компаниите кои во последните две години и исплатиле 2,5 милиони долари. Во петокот Хилари само се насмевна и си замина по прашањето дали би ги објавила стенограмите на нејзините говори во Голдман Сакс.
Стандардниот договор на Хилари за држење говори забранува јавно објавување на кои било снимки од говорот и предвидува дека стенограф по избор на Хилари треба да ги транскрибира настаните и на неа да и ги предаде забелешките.
Главната грижа што авторот им ја пренесува на демократските гласачи кои треба да изберат меѓу Хилари и Сандерс, е дали во некои од тие говори на Хилари пред банкарите има изјава како онаа на Мит Ромни на вечерата од 50.000 долари од порција дека 47% од Американците се мрзливи, што комплетно му ја потона кампањата. Тој се плаши дека ако Хилари оди понатаму, Републиканците би можеле да откопаат некоја ваква содржина. (Изјавата на Ромни најверојатно беше снимена од некој од луѓето за кетеринг.)
Тој потсетува дека Клинтонови во последните 14 години направиле 120 милиони долари од држење говори. Потоа продолжува со сметководствено трачарење од типот дека Хилари секогаш инсистира на претседателскиот апартман во луксузните хотели, плус 5 соби за нејзиниот персонал, нејзино одобрување за целиот придружен персонал на настаните на кои говори, превоз исклучиво со "39 милиони долари вредниот Gulfstream G450 или поголем," како и тоа дека нема возено кола од 1996-та. Наспроти нејзе го претставува Берни Сандерс, кој за време на својата кариера во Вашингтон речиси секој викенд се враќа дома со редовен лет од Саутвест.