Сигурни сме дека во толкувањето на ова видео сме скроз оригинални. Додека другите ѝ фаќаат сеир на Корејкава, која наместо Кока-кола упорно изговара (и бара) малку поинаков освежителен производ, нам нешто друго ни влезе во уво.
На времето тоа беше предупредувачка шега за опис на хаосот во грчката железница но денеска е математички точно: поефтино би било сите што користат воз во Грција да се качуваат во такси. Или во автобус. Или во авион!
"Дојде времето предавниците на оваа земја да се плашат од нас," беа зборовите со кои лидерот на нео-нацистичката Златна Зора, го поздрави освојувањето 7% од мандатите во парламентот.
Грчкиот писател и интелектуалец Никос Диму го напиша делото "За несреќата да се биде Грк" пред точно 35 години. Неверојатно е колку тоа, "од а до ш", важи и денес за Грците. Уште поневеројатно е колку сме ние и Грците братски народи.
Вест за самоубиство на стар човек, и тоа направено од финансиски очај, ако се развие вон рамките на ваквиот тажен факт, има тенденција да прерасне во патетична приказна за жртвата наспроти системот и за светската неправда. Од друга страна...
Многу веројатна жртва на грчките мерки за штедење може да биде Олимписката репрезентација, откако Атлетската федерација објави дека ги прекинува сите натпреварувања заради немање пари.
Грците ја обновија иницијативата за враќање на рељефите од Партенон, со отворено писмо до Дејвид Камерон. Познатиот британски комичар и писател се придружува кон идејата.
Драстичните резови во јавното здравство на Грција придонесоа во земјата да се вратат болести за кои се веруваше дека се искоренети а бројот на ХИВ позитивните меѓу зависниците да порасне за преку илјада проценти.