Јуре Херманс не успеа да влезе во финалниот избор за 300.000 евра вредната Награда за економија на Вуфсон. Сепак за неговиот труд доби ваучер од 100 евра.
Предлогот на Херманс е Грците да ги извадат сите евра што ги имаат и да ги заменат за драхми, а секој што ќе се обиде да изнесе евра од Грција да биде казнет.
"Сите Грци да ги однесат еврата во банка... таму ги ставаат во машина за размена и добиваат драхми. Банката овие пари ќе и ги даде на Владата, а тие од сите пари ќе направат една голема палачинка или пица," стои во апликацијата на Јуре.
Вториот дел од планот е Владата да почне да ги исплаќа долговите и на секој што му должи да добие парче од "пицата."
Инаку, секој од 5-те финалисти за наградата на Вуфсон ќе добие по 12 илјади евра, а победникот ќе биде прогласен на 5 јули.