Од атлетската федерација (Сегас) порачале дека ниту едно натпреварување нема да се одржи во земјата, се додека кратењето на фондовите на федерацијата не се ревидира од Владата.
Според Сегас, "одлуката за кратење на фондовите е селективна и не фер." Од федерацијата се жалат дека со месеци не му било исплатено на никој од тренерите и набавувачите.
Доколку не се реши проблемот, Грците ќе треба да се откажат и од атлетскиот митинг закажан за 12 мај.
Официјалните лица изјавиле дека учеството во носењето на факелот и Олимпијадата во Лондон не се спорни - за сега. Меѓутоа ова може да се промени ако во скоро време не почнат да доаѓаат средства во Олимпискиот комитет на земјата.